Која е најголемата причина поради која луѓето остануваат во несреќна љубовна врска?
Зошто одредени личности попрво би останале во несреќна врска отколку да ѝ стават крај и едноставно да најдат партнер кој многу повеќе ќе им одговара? Со цел да се дојде до одговорот на ова прашање било спроведено едно интересно истражување кое дошло до неочекувани сознанија кои ни даваат реален поглед кон денешните љубовни врски.
Според резултатите, 25% од луѓето остануваат во врската во која не се среќни поради една делумно разбирлива причина. Анкетата која била спроведена на 2.040 Британци, корисници на онлајн продавницата „Ziffit“, ни покажала дека четвртина од луѓето остануваат во лоша врска најмногу поради финансиската сигурност. Поточно, тие „се жртвуваат“ сè додека не станат финансиски независни. Иако очигледно не се среќни во својата врска, сепак не ставаат крај бидејќи едноставно не можат да си дозволат самите да ги плаќаат сметките.
„Загрижувачко е да се види доколку луѓе се финансиски зависни од партнерот. Нашата анкета покажува дека секој 5-ти пар е во врска само поради финансиската сигурност која ја овозможува другата страна“, вели Пол Трејнор, авторот на оваа студија.
Разбирливо е оние кои се во љубовна врска меѓусебно финансиски да си помагаат, но изгледа многу е потешко да се стави крај на врска во која нема среќа ако не постои финансиска независност кај еден од партнерите.