Која е најбогатата држава во светот?

Која е најбогатата држава во светот?

Европската земја која денес убедливо го држи првото место на листата на најбогати земји во светот, во 2005 година беше на 92 место.

Која е најбогатата држава во светот?

На листата на 15 најбогати земји во светот се наоѓаат дури десет европски земји, а покрај Сингапур и САД, има и земји богати со нафта на Блискиот Исток.

Рангирањето на најбогатите земји во светот е направено врз основа на БДП според паритетот на куповната моќ по глава на жител (ППП). БДП, бруто домашен производ, ја покажува вредноста на финалните добра и услуги произведени во одредена земја во една година.

Плата поголема од пет илјади евра

Позната по високите примања и ниската стапка на невработеност, Луксембург повторно е прогласена за најбогата земја во светот. Има високо развиен банкарски сектор и е даночен рај за инвеститорите. Главниот фактор зад високиот БДП на Луксембург е големиот број луѓе кои работат таму и живеат во соседните земји.

Минималната плата во Луксембург е нешто над 2.300 евра месечно, што е највисока во ЕУ, а просечната плата е нешто помала од 5.500 евра.

Луксембург има најниска стапка на невработеност во Европа во последните 40 години, а во 2005 година беше само на 92 место на листата на најбогати земји на Светскиот економски форум.

Втората земја на листата е Сингапур, земја без природни ресурси, но многу поволна за странските инвеститори и глобален финансиски центар.

Список на петнаесетте најбогати земји во светот:

1. Луксембург
(Население: 625.978; БДП по глава на жител: 131.045 евра)

2. Сингапур
(Население: 5.850.342; БДП по глава на жител: 122.656 евра)

3. Ирска
(Население: 4.937.786; БДП по глава на жител: 116.146 евра)

4. Катар
(Население: 2.881.053; БДП по глава на жител: 105.130 евра)

5. Швајцарија
(Население: 8.654.622; БДП по глава на жител: 78.909 евра)

6. Обединети Арапски Емирати

(Население: 9.890.402; БДП по глава на жител: 72.941 евра)

7. Норвешка
(Население: 5.421.241; БДП по глава на жител: 72.524 евра)

8. Соединетите Американски Држави
(Население: 331.002.651; БДП по глава на жител: 70.862 евра)

9. Брунеи
(Население: 437.479; БДП по глава на жител: 69.861 евра)

10. Сан Марино
(Население: 33.931; БДП по глава на жител: 65.374 евра)

11. Данска
(Население: 5.792.202; БДП по глава на жител: 64.567 евра)

12. Холандија
(Население: 17.134.872; БДП по глава на жител: 63.914 евра)

13. Австрија
(Население: 9.006.398 БДП по глава на жител: 60.352 евра)

14. Исланд
(Население: 341.243; БДП по глава на жител: 60.231 евра)

15. Андора
(Население: 77.265; БДП по глава на жител: 59.279 евра)

Откако прочитавте која е најбогатата држава во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за најтешката зграда во светот.

Извор: citymagazine.danas.rs

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар