Кој заработува најмногу на Инстаграм?
Со текот на годините, Инстаграм постепено се претвори од едноставна апликација за фотографии во една од најголемите светски иновативни маркетинг платформи, станувајќи суштински дел од секоја успешна компанија, како и од секојдневниот живот на светски познатите ѕвезди. „Инстаграм листата на богатите 2019“ се заснова на тоа колку еден корисник може да наплати и заработи од една објава, како и на просечниот негов број ангажмани и бројот на следбеници на оваа социјална мрежа.
Втора година по ред, 21-годишната ѕвезда Кајли Џенер се наоѓа на врвот на листата – таа само со еден пост на Инстаграм заработува во просек околу 1,26 милиони долари
View this post on Instagram
Зад неа, на второто место се наоѓа Аријана Гранде, со заработка од 996.000 долари од пост
View this post on Instagram
Третото место му припаѓа на фудбалерот Кристијано Роналдо, со заработка од 975.000 долари, кој според аналитичарите заработува најмногу во светот на спортот од објавите на Инстаграм
View this post on Instagram
Четвртата позиција ѝ припаѓа на Ким Кардашијан, со заработка од 910.000 долари
View this post on Instagram
Селена Гомес оваа година се наоѓа на петтата позиција, со заработка од 886.000 долари
View this post on Instagram
Познатиот глумец Двејн Џонсон е на шестото место со заработка од 882.000 долари
View this post on Instagram
На седмото место оваа година се наоѓа Бијонсе, со заработка од 785.000 долари
View this post on Instagram
Дознајте и зошто Бил Гејтс повеќе не е на 2-то место на листата со најбогатите луѓе во светот.