Кој пијалак е најдобар за хидратација на организмот? Не, не е водата!

Кој пијалак е најдобар за хидратација на организмот? Не, не е водата!

Иако водата се смета за најздрав и во исто време најдобар напиток за хидратација, научниците докажале дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира телото отколку водата.

Кој пијалак е најдобар за хидратација на организмот? Не, не е водата!

Истражувањето спроведено од страна на шкотски универзитет дошло до заклучок дека обичната и минералната вода се добар избор, но според новите наоди млекото е уште подобар.

Според Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Сент Ендрјус и автор на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалак како и неговиот нутритивен состав.

Истражувањето докажало дека млекото хидрира повеќе од обичната вода бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.

Истото може да се каже и за растворите за орална хидратација што се користат за лекување дијареја. Тие содржат мали количини на шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат во процесот на задржување на водата во телото.

Откако прочитавте за резултатите од најновите истражувања, можеби ќе сакате да прочитате и која храна содржи повеќе калциум од млекото.

Извор: cnn.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар