Кој од 12-те Јунгови архетипови најдобро ве опишува?
Нашето его е ликот кој го играме во животот. Иако секој од нас има различен лик, постојат 12 групи кои можат да ги опфатат сите луѓе на светот. Познатиот психијатар Карл Јунг, кој ја основал аналитичката психологија, ги открил овие 12 архетипови.
Тој верувал дека овие архетипови отседнуваат во нашата колективна свест. Ги именувал по митолошки симболи и ликови кои биле дел од нашата култура низ историјата. Архетиповите ги претставуваат нашите фундаментални човечки мотиви и будат длабоки емоции во нас. 12-те видови се поделени во 3 групи – Его, Душа и Личност, од по 4 типови. Секоја група е слој во човечката психа.
На пример, Егото е делот кој би сакале да го перципираат другите, додека Личност е делот од вас кој се обидувате да го чувате за себе. Душата се справува со вашата цел. И покрај 3-те групи, 12-те архетипови се поделени и во 4 групи од по 3. Секоја група ја одредува целта на архетипот.
Со кои архетипови се идентификувате најмногу?
Секој од нас е уникатен микс од овие архетипови, но сепак се идентификуваме најмногу со еден. Има многу ефективен начин (за повеќето) за да откриете кој од овие архетипови најмногу одговара на вас. Сè што треба да на правите е да погледнете во вашата сенка.
Кој е вашиот најголем страв?
Слабост: Херојот
Создавање ненамерни негативни последици: Магионичарот
Немоќност: Бунтовникот
Напуштање: Сиракот
Поминување на вашиот живот во досада: Дворскиот шут
Да бидете несакани: Љубовникот
Казна: Невиниот
Да бидете измамени: Мудрецот
Затвор, и надворешен и внатрешен: Истражувачот
Себичност: Негувателот
Предавство: Управувачот
Просечност: Креаторот
Ако не можете да се одлучите кој е вашиот најголем страв, погледнете ја листава со сите 12 архетипови и нивните детални карактеристики каде што можете да заклучите со кој си одговарате најмногу.
ОСТАВАЊЕ ТРАГА ВО СВЕТОТ
1. Херојот
Тип: Его
Мото: Каде што има волја, има и начин.
Внатрешна желба: Да докаже дека е вреден преку храбри дела.
Цел: Да стане мајстор во нешто така што ќе го подобри светот.
Најголем страв: Слабост, ранливост, кукавичлук.
Стратегија: Да биде што е можно посилен и покомпетентен.
Слабост: Ароганција, постојаната потреба за борба.
Талент: Компетентност и храброст.
2. Магионичар
Тип: Личност
Мото: Јас правам да се случуваат работите.
Внатрешна желба: Да ги разбере фундаменталните закони на универзумот.
Цел: Да ги оствари соништата.
Најголем страв: Непланирани негативни последици.
Стратегија: Да создаде визија и да живее по неа.
Слабост: Манипулација.
Талент: Пронаоѓање ситуации во кои сите победуваат.
3. Бунтовникот
Тип: Душа
Мото: Правилата се создадени за да се прекршат.
Внатрешна желба: Одмазда или револуција.
Цел: Да го победи она што не функционира.
Најголем страв: Да биде немоќен или неефективен.
Стратегија: Наруши, уништи или шокирај.
Слабост: Преминување кон темната страна, криминал.
Талент: Радикална слобода, бесрамност.
ГРУПА 2: ПОВРЗУВАЊЕ СО ДРУГИТЕ
4. Сиракот
Тип: Его
Мото: Сите мажи и жени се создадени еднакви.
Внатрешна желба: Поврзување со другите.
Цел: Припадност.
Најголем страв: Да биде оставен или да се разликува од толпата.
Стратегија: Развивање обични цврсти доблести, приземјеност.
Слабост: Губење на своето јас обидувајќи се да се вклопи во општеството и врските.
5. Дворскиот шут
Тип: Личност
Мото: Живееш само еднаш.
Внатрешна желба: Да живее во моментот уживајќи.
Цел: Одлично да си поминува и да го развесели светот.
Најголем страв: Да му биде здодевно или да им е здодевен на другите.
Стратегија: Игра, шегување.
Слабост: Трошење време, несериозност.
Талент: Радост.
Продолжува на следната страница…