Кој изневерува повеќе, мажите или жените?

Кој изневерува повеќе, мажите или жените?

И покрај тоа што историските податоци покажуваат дека 22% од мажите и 14% од жените имаат вонбрачна афера барем еднаш во својот живот, изгледа дека нештата се менуваат со текот на време. Една понова британска студија ни покажува дека 9% од мажите и 25% од жените ќе се обидат да најдат некој надвор од својот брак за да ги задоволат своите сексуални потреби.

Кој изневерува повеќе, мажите или жените?

Па, сега кога знаеме дека четвртина од сите жени изневеруваат во споредба со малиот процент мажи, што друго треба да знаеме? Дека неверството боли? Точно. Дека тоа најчесто е симптом на подлабок проблем? Дека неверството ја нарушува менталната, физичката и финансиската добросостојба? Точно и точно.

Па, тогаш зошто тоа постојано се случува? Поточно, зошто изневеруваат мажите, а зошто жените? За да го откријат одговорот на ова прашања, научниците се консултирале со неколку експерти на ова поле сакајќи подобро да го сфатат начинот на кој тие размислуваат за неверството. Благодарение на нивните одговори, тие го погледнале ова однесување од неколку различни агли.

Според Џон Греј, авторот на книгата „Зошто Марс и Венера се судираат?“, некои мажи можат да имаат одличен сексуален живот во својот дом и повторно да залутаат настрана кога ќе им се отвори можност. Тој вели дека мажите се едноставно подобри при отстранувањето на сексот од оние емоции кои жените најчесто му ги припишуваат, па тоа го прават чисто од физичка перспектива. Но, ако ѝ се верува на статистиката, зошто толку голем процент жени почнале да се впуштаат во вакво однесување?

Тој исто така тврди и дека жените гледаат на аферата како на бегство, или моментално или трајно, од врска која не функционира. Но, понекогаш, и тие едноставно сакаат да имаат секс, без некоја особена причина. Иако порано ова однесување повеќе соодветствувало на мажите, со големите промени во начинот на кој жените живеат денес, обидувајќи се сè повеќе да станат дел од „светот на мажите“, изгледа и тие почнуваат да се однесуваат на истиот начин како нив на ова поле. Тоа е едно од објаснувањата кои научниците можат да ги понудат за промените во статистиките за неверството.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар