Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

Хотелот W сместен во Вербие (село на Швајцарските Алпи) се смета за најдобар хотел за скијачи не само во национални туку и во светски рамки. Седум пати по ред е прогласен за најдобар ски-хотел во светот од World Ski Awards – глобална иницијатива за доделување признанија во скијачкиот туризам.

Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

Хотелот се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале на надморска височина од 1.531 метри, а има директен пристап до ски-лифтовите кои ви нудат повеќе од 400 километри терен за скијање и планинарење. Кога, пак, снегот ќе го покрие Вербие, можете да скијате директно до хотелот.

Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

Откако ќе уживате во снежните падини, опуштете се во една од 123-те соби и апартмани во хотелот, кои се опремени со простран кревет и камин. Секоја соба има големи прозорци со неверојатен поглед кон прекрасните снежни планини.

Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

Можете да јадете во бистрото W Kitchen во хотелот и во барот Eat-Hola, и да пиете топол коктел во W Living Room. Хотелот располага и со т.н. алпска оаза од 1.300 квадратни метри која вклучува девет соби со третмани за убавина, два базени и теретана опремена со најсовремена опрема.

Откако прочитавте за најдобриот хотел за скијање во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за скијачкиот центар кој се гради во пустина.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар