Кој го испратил првото смајли преку интернет?

Кој го испратил првото смајли преку интернет?

Професор Скот Фалман, кој е научник на универзитетот „Carnegie Mellon“, е човекот кој го измислил првото смајли, кое го испратил во една имејл порака, на 19 септември 1982 година, во 11 часот и 44 минути претпладне. Или можеби сепак не е тој? Продолжете да читате. 🙂Кој го испратил првото смајли преку интернет?Целта на неговата порака била да се избегнат недоразбирањата во однос на тонот во имејл пораките, односно да се направи разлика помеѓу оние работи кои треба да бидат смешни и оние кои треба да звучат сериозно.

Во таа негова порака, тој предложил знакот 🙂 да почнат да го користат за оние работи кои означуваат шегување. Во тоа време, тој сигурно не се ни надевал дека тој негов предлог за „emoticon“ (комбинација од стандардни знакови на тастатурата кои се користат за изразување емоции) ќе стане толку популарна и дека ваквите смајлиња ќе станат неопходен дел од секојдневната современа електронска комуникација.

Таа порака ми одзеде 10 минути од мојот живот и со неа очекував дека ќе развеселам неколку мои пријатели и дека тоа ќе биде сѐ.“ – вели тој

Кој го испратил првото смајли преку интернет?Како и да е, оваа порака се проширила преку неразвиените компјутери во раните осумдесетти години и за неколку месеци употребата на смајлињата станала глобална. Денес смајлињата ги има насекаде, во многу варијанти во форма на жолти компјутерски графики, кои визуелно изразуваат емоции и навистина се смешкаат, намигнуваат или плачат.

По повод 30-от роденден на насмеаното смајли, професорот Скот, дал интервју за „Independent“, во кое тој ги критикува илустрираните наследници на неговата креација, нарекувајќи ги модерните емотикони непривлечни и прозаични.

Сметам дека се грди и дека го уништуваат предизвикот некој да се обиде да осмисли попаметен начин на изразување емоции, преку користење на стандардните знакови од тастатурата. Можеби така се чувствувам бидејќи јас го измислив тој вид емотикони.“  – рекол проф. Фалман, притоа додавајќи дека потребата од таквото смајли се појавила бидејќи во пишаната комуникација ни недостасува говорот на телото и тонот на гласот, според кои можеме да распознаеме дали треба некои реченици да ги сфатиме сериозно или како шега.Кој го испратил првото смајли преку интернет?За жал, професорот не може да го пронајде оригиналниот имејл кој го испратил низ универзитетската евиденција и се соочил со тврдења, дека тој не е првиот човек кој ја измислил насмеаната фаца. Потоа, во 2002 година, инженер од Мајкрософт успеал да го пронајде оригиналниот имејл.

Како и да е, некој луѓе имаат пронајдено издание од Њујорк Тајмс од 1862 година, во кое има препис од говорот на 16-от претседател на САД, Абрахам Линколн кој ги содржел знаците ;-), поради што се појавуваат теории на заговор околу тоа дали станува збор за печатна грешка во говорот или не.

Можеби ќе сакате да прочитате и како настанало првото жолто насмеано лице и кој го нацртал?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар