Кој ги прогонува богатите и славните?
Не им е лесно ниту на познатите. Парите и огромното обезбедување околу нив, понекогаш не се доволни да ги заштитат од опседнатите фанови…
1. Марк Дејвид Чепмен
Toj е на врвот меѓу прогонувачите на познатите личности. Со убиството на популарниот „битлс“ Џон Ленон, до ден денес никој не може да го симне од неславниот врв. На 8 декември 1980 година, тој испукал четири куршуми во грбот на Ленон, пред влезот од неговиот стан во Њујорк, во кој живеел со сопругата, Јоко Оно. Тогаш 25-годишниот Марк, еден од милионите фанови на славниот „битлс“, одлучил на ваков начин да го привлече вниманието на јавноста кон себе. Чепмен е осуден на доживотен затвор. Барањето за условна слобода, судот му го одбил шест пати досега.
2. Роберт Џон Бардо
Бардо е прогонувачот и убиецот на младата холивудска ѕвезда Ребека Шефер, која е позната по телевизиската серија „Мојата сестра Сем“. Ја прогонувал со години, а во 1989 година, конечно ја дознал нејзината адреса. Заѕвонил на вратата од апартманот во кој живеела и ја застрелал во моментот кога се појавила пред него. Адресата ја нашол преку нејзиното возачко досие во Одделот за моторни возила. Холивуд бил шокиран од начинот на кој била убиена. Ова било аларм и за властите. Тие во 1994 година, донеле Закон за заштита на возачите, во кој се забранува институциите да ги даваат домашните адреси и останатите информации за граѓаните.
3. Ентони Гери Силвестри
21-годишната Силвестри била опседната со телевизиската репортерка, Кетрин Детман. По неколку месечно следење, таа успеала да провали во нејзината куќа. Детман во тој момент се туширала, со што на Силвестри ù оставила доволно простор да го исценира нападот. Ја чекала во спалната соба, каде ù нанела 15 смртоносни убоди со нож и мртвото тело го оставила да лежи на подот. Силвестри во моментот издржува 40-годишна казна затвор за убиство.
4. Џон Хинкли Џуниор
Тој станал опседнат со актерката Џоди Фостер, по нејзината улога во филмот „Таксист“. Одлучил да студира на престижниот универзитет „Јеил“ истата година кога и Фостер. Се преселил во нејзина близина и за кусо време почнал да ја прогонува, да ù пишува љубовни пораки и поеми, кои ги оставал под нејзината врата.
Но, откако не успеал на овој начин да го привлече нејзиното внимание, тој одлучил да преземе драстично порадикален чекор. Започнал да крои планови за атентат на претседателот Џими Картер. Ова го споделил со Фостер. Актерката веднаш ја алармирала полицијата и Џон бил уапсен. Но, не се откажал од намерата и во 1981 година, повторно иснпириран од филмот „Таксист“, испукал 6 куршуми кон новоизбраниот претседател, Роналд Реган. За среќа, ниту еден од куршумите не завршил во Реган. Претседателот го преживеал обидот за атентат, исто како и останатите потенцијални жртви во моментот. Џон воопшто не се обидел да избега од местото на настанот и веднаш бил уапсен. За време на судењето во 1982 година, тој бил прогласен за луд. Сè уште се лекува во душевната болница „Сент Елизабет“ во Вашингтон.
5. Маргарет Мери Реј
Таа долго време го прогонувала Дејвид Летерман, домаќинот на познатото ноќно шоу. Мери Реј страдала од шизофренија. Летерман во неговите емисии знаел често да се пошегува на сметка на неговата обожавателка, но очигледно неговите шеги не ù биле смешни на Реј. Нејзината опседнатот и фантазии отишле дотаму што таа неколку пати провалила во неговата куќа, а најмалку еднаш му го украла и поршето. Таа исто така го прогонувала и пензионираниот астронаут Стори Мајгрејв. Во 1998 година, извршила самоубиство, фрлајќи се под воз.
6. Џек Џордан
Џордан е долгогодишен прогонувач на холивудската актерка Ума Турман. Тој ù испраќал картички со заканувачки пораки и цртежи. На една од нив нацртал отворен гроб, надгробна плоча и човек со жилет во рацете како стои над неа. По сведочењето на актерката дека ја прогонува и дека е исплашена за безбедноста на нејзиното семејство, тој бил осуден на три години условна казна.
7. Кристин Келер
Уште еден прогонуван „битлс“. Кристин Келер го демнела поранешниот гитарист на „Битлси“, Џорџ Харисон. Таа на јавноста ù стана позната по провалувањето во неговата куќа во Мауи, во 1999 година. Ова не било единствениот пат, Харисон да биде предмет на нејзините мечти и копнежи. По провалувањето во куќата на рок ѕвездата, Келер четири месеци поминала во затвор. Таа во вестите повторно се појавува во 2006 година, но како жртва на убиец од Калифорнија, кој потоа се самоубил.
8. Донет Најт
Таа била опседната со актерот Мајкл Даглас и се разбира нејзин непријател број еден станала неговата сопруга и колешка, Кетрин Зета Џонс. Во 2003 и 2004 година, испраќала заканувачки пораки до холивудската двојка. Се заканувала дека ќе ја искасапи Зета Џонс и со неа ќе ги нахрани кучињата. За кусо време била уапсена. По тужбата и сведочењето на актерите, Најт признала дека е виновна. Судот ù одредил три години затвор.
9. Пречесниот Дејвид Аџамјан
Тој е срам за католичката црква. Свештеникот од бостонската архиепископија испраќал заканувачки писма и дивидија до водителот на полноќното ток-шоу, Конан О`Брајан. По некое време бил уапсен, а на судското рочиште во 2007 година, се изјаснил како виновен за недолично однесување. Судот му наредил да се држи понастрана од водителот, а подоцна архиепископијата му ги одзела ингеренциите како свештеник.
10. Вилијам Лепеска
40-годишниот бездомник Лепеска препливал преку „Biscayne Bay“ за да стигне до неговата љубов од соништата, тенисерката Ана Курникова. Сакал да влезе во нејзината куќа на плажа во Мајами, но бил уапсен во дворот на соседот на Курникова, каде упаднал практично гол. После ова, судот му наредил да се држи понастрана од целото соседство.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.