Кој е најубавиот остров во светот?
Познатото списание „Condé Nast Traveler“, го избрало најдобриот остров во светот. Тоа е островот Саиргао кој се наоѓа на Филипините. На овој остров можете да пронајдете раскошни шуми, величествени пештери и идеални места за нуркање.
И покрај убавините на овој остров, сепак тој не е преплавен со туристи, бидејќи е многу тешко да се стигне до него. На далечниот остров кој има 10.000 жители, може да се стигне само со брод или со мал авион. Но, откако ќе ги погледнете фотографиите од него, ќе сфатите зошто тој се смета за најубавиот остров во светот!
Ако овој остров ви изгледа премногу далеку, не грижете се. Можеби некој од овие прекрасни острови во Европа би биле многу подобар избор за вашето овогодишно летување…
Миконос, Грција
Крит, Грција
Парос, Грција
Ишија, Италија
Ибица, Шпанија
Погледнете ги и овие 20 помалку познати острови кои секој треба да ги посети во текот на животот.