Кој е најстариот познат археолошки локалитет? – Археолозите и до ден-денес спорат околу ова прашање

Кој е најстариот познат археолошки локалитет? – Археолозите и до ден-денес спорат околу ова прашање

Предците на луѓето живееле на Земјата пред 6 милиони години, но кое е најстарото место што ги чува археолошките докази за нивното постоење? Научните истражувања укажуваат на два локалитета околу кои спорат експертите. Едниот е во Кенија, а другиот во Етиопија.

Кој е најстариот познат археолошки локалитет? – Археолозите и до ден денес спорат околу ова прашање

Десетина експерти за археологија и антропологија дале различни мислења за научното списание Live Science. Затоа, логично се поставило и прашањето зошто и каде нивните мислења се разидуваат. Според Џонатан Сала, професор по археологија на Универзитетот во Кејп Таун, Јужна Африка, прашањето за најстариот археолошки локалитет во светот ја раздели археолошката заедница.

Ломекви 3 во Кенија

Еден од двата локалитети е Ломекви 3 што се наоѓа на низок рид во Западна Туркана во Кенија. Во студија објавена во списанието Nature во 2015 година, истражувачите изјавија дека преку датирање на седиментот во кој се пронајдени артефактите (коски и алати) ја процениле староста на локалитетот на околу 3,3 милиони години. Според научниците, алатките биле најверојатно изработени од Australopithecus afarensis, хоминини кои го населувале регионот во тоа време. Локалитетот е сместен на мал рид недалеку од езерото Туркана. Тимот научници дошол до заклучок дека племето сочинето од Australopithecus afarensis користеле камени алатки за кршење ореви.
Некои од научниците не се убедени во староста на овие алатки и тврдат дека дел од нив се пронајдени во контекст во кој не може да се одреди нивната старост. Со други зборови, тие не можат да бидат датирани од исто време како и седиментот во кој се пронајдени.

Кој е најстариот познат археолошки локалитет? – Археолозите и до ден денес спорат околу ова прашање

Гона во Етиопија

Сала е еден од археолозите што не се согласува со тврдењето дека артефактите пронајдени во Ломекви датираат од пред 3,3 милиони години. За него, најстарите археолошки артефакти се камените алатки што се пронајдени во Гона покрај реката Када Гона во Афар, Етиопија, и се стари околу 2,6 милиони години. Камените алатки најверојатно биле изработени од Australopithecus garhi, човечки предок кој живеел во Источна Африка пред околу 2,5 милиони години. Фосили од тој вид се пронајдени во близина на камените алатки и можеби токму тие биле меѓу првите човечки предци кои ја усовршиле техниката за изработка на камено оружје.

Кој е најстариот познат археолошки локалитет? – Археолозите и до ден денес спорат околу ова прашање

Од друга страна, дел од научниците сметаат дека локалитетот во Ломекви е постар од оној во Гона со образложение дека камените артефакти пронајдени во Ломекви се погруби од оние пронајдени во Гона и можеби воопшто не биле користени како алатки.

Сепак, дури и ако се докаже дека артефактите од Ломекви не се користеле како алатки, тие се сметаат за едни од најраните траги на нашите предци.

Откако прочитавте за најстарите археолошки наоѓалишта во светот, можеби ќе сакате да дознаете повеќе и за неверојатните сличности помеѓу нас и праисториските луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар