Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

Секоја недела излегува некоја нова студија која ги реафирмира придобивките на физичката активност за работата и функционалноста на мозокот. Но колку да звучи повторливо, сепак експертите се согласуваат дека ако постои барем една дневна навика или животен избор кој ќе ви помогне да го одржите мозокот и телото здрави во текот на вашиот животен век, тогаш физичката активност е одговорот кој го барате.

Кој е најдобриот начин да ја одржувате мозочната функционалност?

Во истражувањето „Физичката активност во слободното време се поврзува со когнитивниот пад: Студијата на Северен Менхетен“, спроведено изминатава недела од страна на тимот истражувачи од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Мајами и објавено во дневникот „Неврологија“ се објаснува дека луѓето кои не правеле ниту лесни вежби, како што старееле искусувале пад на мозочната активност еднаков на 10 години во споредба со оние кои практикувале умерена физичка активност.

„Бројот на луѓето над 65 години се зголемува, што значи дека ќе се зголемат и проблемите со мислењето и меморијата во јавното здравје. Нашата студија покажува дека редовното вежбање може да биде многу корисно, посебно за постарите луѓе, во подолгото задржување на когнитивните способности“, вели Клинтон Б. Врајт, доктор и магистер при Универзитетот во Мајами.

Бидејќи се смета дека физичката активност за време на слободното време има неврозаштитни придобивки врз деменцијата, со ова истражување, спроведено врз 876 луѓе, се докажало дека вежбањето е многу корисно против падот на функцијата на когнитивните активности на мозокот. 90% од испитаниците рекле дека прават никаква или лесна физичка активност како бавното пешачење или јога, а 10% рекле дека прават умерена до висока физичка активност како трчање, велосипедизам, аеробик. На сите им биле дадени вежби за меморија и размислување и им било направено магнетна резонанса на главата. Пет години подоцна, им биле дадени истите тестови.

Со анализирањето на податоците, истражувачите откриле дека оние кои покажале ниска физичка активност имале поголем пад на мозочната функционалност во текот на тие 5 години, во споредба со оние кои практикувале умерена или висока физичка активност. Според резултатите од тестовите, истражувачите заклучиле дека разликата била еднаква на 10 години стареење.

„Физичката активност е атрактивна опција да се намали товарот од мозочна нефункционалност во јавниот здравствен систем бидејќи е евтина и нема никакво влијание врз дејството на различните лекови“, заклучува д-р Врајт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар