Кој алкохолен пијалак предизвикува најлош мамурлак?
Мамурлакот им е добро позната и непосакувана појава на речиси сите. Наместо да си ветувате дека никогаш повеќе нема да пробате алкохол, проверете кој пијалак предизвикува мамурлак, а кој не.
Наводно, едно истражување покажало дека не е важно колку сте испиле, туку што сте испиле. Според истражувањето во кое учествувале над 2.000 испитаници, текилата е прогласена за пијалак кој најмногу предизвикува мамурлак. 23% од испитаниците изјавиле дека најлош мамурлак имале токму од овој пијалак. Веднаш по текилата се наоѓа вотката со 21% од испитаниците. Виното и вискито се наоѓаат на 3-тото и 4-тото место, а 10% од испитаниците пријавиле мамурлак од пиво.
Од друга страна, изгледа дека оние кои сакаат џин и шток поминале најдобро. Само 2% до 3% од испитаниците сметаат дека мамурлакот од овие пијалаци е лош.
Па, ако вечерва планирате да излегувате, знаете што треба да порачате за да не го изгубите последниот ден од викендот во лечење мамурлак!
Погледнете и кои се последиците од само една ноќ прекумерно пиење.