Кои знаци укажуваат дека сте амбиверт?

Кои знаци укажуваат дека сте амбиверт?

Доколку понекогаш покажувате знаци на интровертност, а понекогаш на екстровертност, но не можете да се дефинирате себеси како интроверт или екстроверт, тогаш најверојатно сте амбиверт. Тоа значи дека има денови кога би сакале да се забавувате и дружите со сите ваши пријатели и познајници, но има моменти и кога сакате да останете сами. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со знаци преку кои ќе одредите дали и вие припаѓате во оваа група или не.

Кои знаци укажуваат дека сте амбиверт?

Не сте ниту изразени интроверти ниту изразени екстроверти

Доколку се идентификувате и со двете опции, тогаш сигурно сте амбиверт. Постојат моменти кога сакате да го минувате времето сами, размислувајќи за себе и за луѓето околу вас што ве прави и добар слушател, но од друга страна пак, има моменти кога сакате да бидете опкружени со луѓе и да ги развивате сопствените социјални вештини.

Понекогаш посакувате да бидете сами, а понекогаш пак сакате да има некој до вас

Има денови кога сакате да останете во вашиот внатрешен свет, но има денови и кога сакате да бидете заедно со пријателите. Сето тоа зависи од вашето моментално расположение.

Сакате да зборувате, но не постојано

Интровертите претпочитаат да бидат тивки или да разговараат само кога сметаат дека е вистинското време за разговор. Од друга страна, екстровертите не знаат кога да престанат со зборување. Доколку немате тешкотии околу тоа да го одредите моментот кога треба да зборувате, а кога да слушате, тогаш можеби сте амбиверт.

Вие сте одличен слушател

Можете да воспоставите совршена рамнотежа меѓу зборувањето и слушањето. Сакате да разговарате со другите, но знаете и кога да молчите и трпеливо да го ислушате соговорникот.

Честите средби со пријателите можат да ве исцрпат

Иако обожавате да се среќавате со пријателите и да поминувате време со нив, сепак тоа понекогаш може да ве исцрпи. Кај амбивертите клучниот збор е рамнотежата, така што честите средби ќе направат да копнеете по тоа да бидете некој период сами што ќе ви помогне да ги „наполните батериите“.

Здодевно ви е ако голем дел од времето го поминувате сами

Исто како што премногу дружење ве разочарува по одреден момент, така и премногу време сами може да ве направи очајни. Интровертите можат без проблем да го поминуваат времето сами ако им се укаже можноста за тоа, но за разлика од нив, вие копнеете за човечко друштво секогаш кога ќе ви биде доста од вашиот свет.

Откако ја прочитавте нашата листа со знаци кои укажуваат на фактот дека сте амбиверт, можеби ќе сакате да прочитате и дека според една интересна студија постојат само 4 видови луѓе.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар