Кои се причините за намалување на бројот на предвремени породувања за време на пандемијата и карантинот?
Откако се појави панемијата на коронавирусот, лекарите ширум светот забележаа драматично намалување на бројот на предвремено родени бебиња за време на карантинот.
Иако научниците треба да спроведат многу повеќе истражувања за да одговорат на прашањето кои се причините за тоа, тие сепак разгледуваат неколку можни причини.
Најголемото истражување од ваков вид спроведено во Холандија заклучи дека бројот на предвремено родени деца е значително намален по воведувањето карантин поради пандемијата на коронавирусот.
Неодамнешното истражување спроведено од истражувачите од медицинскиот центар „Еразмус“ во Ротердам ги проучувало раѓањата на 1 500 000 новороденчиња, родени помеѓу 2010 и 2020 година, од кои околу 56 000 се родени откако земјата воведе карантин на почетокот на март.
Тие откриле значителен пад на бројот на предвремено родени бебиња по 9 март 2020 година во споредба со истите периоди во претходните години.
Истражувачите откриле неколку причини
Падот на бројот на предвременi породувањa е најзабележителен кај луѓето што живеат во побогатите населби, но има докази дека истото се случило и во другите делови на земјата.
Ова не е прво истражување што претставува ваков резултат. Слична работа се случила во Ирска и во Данска. Потпирајќи се на други истражувања, научниците наведоа неколку причини за појавата.
Одржувањето физичко растојание, самоизолацијата, неможноста да се патува на работа, затворањето на училиштата и зголемената свест за одржување на хигиената доведоа до намален контакт со патогени микроорганизми, што значи дека луѓето имаат помала веројатност да се заразат, а инфекциите се главен ризик-фактор за предвремено породување.
Намалување на загадувањето на воздухот
Исто така, во истражувањето е забележано дека идните мајки се под помал стрес што е предизвикан од работата. Покрај сето ова, истражувачите го посочија значителното намалување на загадувањето на воздухот како можна главна причина за намалување на бројот на предвремени породувања.
Голем број истражувања покажаа дека квалитетот на воздухот се подобри ширум светот како резултат на карантинот и намалената употреба на фосилни горива, а тоа е важно затоа што изложеноста на загаден воздух за време на бременоста е поврзана со предвременото породување. Дури 18% од предвремените породувања се поврзани со слаб квалитет на воздухот.
Овие причини во моментов се само претпоставки и сомнежи, но научниците веруваат дека ако успеат да ја утврдат причината за драстичното опаѓање на предвремените породувањае за време на пандемија, тогаш тие можат да го откријат и да го намалат ризикот од предвремено породување, а со тоа да спасат повеќе животи.
Прочитајте зошто не треба постојано да се потсетувате на деновите пред пандемијата.