Кои се најубавите плоштади во Европа?

Кои се најубавите плоштади во Европа?

Европа е позната по своите прекрасни плоштади кои се одликуваат со долгогодишна историја и автентичен дух. Во продолжение прочитајте кои се најубавите плоштади според истражувањата.

Плоштад Шпанија – Севиља, Шпанија

Изграден во 1928 година, овој плоштад е еден вид музеј на отворено каде се мешаат неколку архитектонски стилови како барок, ренесанса и ориентална шпанска архитектура. Поради својата тркалезна форма, го нарекуваат „плоштадот што ги гушка своите посетители“. Се протега на дури 50.000 квадратни метри и е дизајниран од страна на познатиот архитект Анибал Гонзалес.

Кои се најубавите плоштади во Европа?

Староградски плоштад – Прага, Чешка

Помеѓу Вацлавскиот плоштад и Карловиот мост се наоѓа еден од најромантичните плоштади во Европа: историскиот плоштад во Стариот град. Овде се наоѓа и црквата посветена на Свети Никола со камбанаријата која нуди прекрасен панорамски поглед на плоштадот. Овде ќе го најдете и старото градско собрание и третиот најстар астрономски часовник кој датира од почетокот на 15 век.

Кои се најубавите плоштади во Европа?

Големиот плоштад – Брисел, Белгија

Централниот плоштад во Брисел е познат по старите еснафски згради како што се Кралската куќа и Градското собрание. Колку плоштадот е познат и значаен, говори и фактот дека УНЕСКО го вклучи на листата на светско наследство во Европа во 1998 година како пример за хармонична комбинација на јавни и приватни згради.

Кои се најубавите плоштади во Европа?

Црвен плоштад – Москва, Русија

Најпознатиот плоштад на руската престолнина го носи прекарот „срцето и душата“ на Русија, а во 1991 година заедно со Кремљ е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Интересен е фактот дека името на плоштадот не произлегува од црвената боја на дел од зградите кои се наоѓаат овде ниту пак е поврзано со црвената боја на комунизмот. Всушност, потекнува од зборот „краснаја“ што може да значи „прекрасен“ и „црвен“. Меѓу најзначајните знаменитости кои се наоѓаат овде се црквата на Св. Василиј Блажениот и мавзолејот на Ленин.

Кои се најубавите плоштади во Европа?

Откако го прочитавте нашиот список со најубавите плоштади во Европа, можеби ќе сакате да прочитате и за потеклото на најпознатите плоштади.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Остави коментар