Кои се најскапите елементи и супстанци во светот?
10. Хероин – 130 долари за грам
Опијат, кој ја менува човековата перцепција. Својата висока цена ја должи на тоа што е многу тешко да се добие квалитетна супстанца.
9. Кокаин – 236 долари за грам
Овој кристално бел прав може да биде фатално опасен наркотик. Тој е поскап од хероинот поради својата чистота и природност.
8. ЛСД – 3.000 долари за грам
Психоактивна наркотична супстанца, чиешто производство претставува долг процес, па затоа и има толку висока цена.
7. Плутониум – 4.000 долари за грам
Ова е редок радиоактивен, метален и токсичен хемиски елемент. Се користи за производство на нуклеарно оружје и како извор на гориво за вселенските летала.
6. Паинит – 9.000 долари за грам
Овој камен е толку редок, што малкумина знаат дека постои. Има портокалова или црвено-кафеава боја и е откриен пред само 65 години. Постојат само неколку стотици во светот.