Кои се најпријателските градови во Европа за 2023 година?
Секој од нас посакува да живее во поубав и подобар свет. Тоа е особено важно и додека патувате – претпоставуваме дека еден од главните критериуми при изборот на туристичка дестинација е и љубезноста и гостопримливоста на локалното население. Сигурно не би сакале да патувате некаде ќе се чувствувате небезбедно или непожелно и покрај туристичките атракции и знаменитости на тоа место.
На крајот на краиштата, некои градови, односно нивните жители, се повеќе или помалку пријателски расположени. Меѓутоа, ако посетите некој од овие, не треба да се грижите за мирот и пријатната атмосфера.
Едно истражување имало за цел да открие кои се најпријателските градови во Европа земајќи предвид низа фактори, од стапката на криминал и среќата до ставовите за ЛГБТК+ заедницата.
Според студијата, најпријателскиот град во Европа е градот од земјата на часовниците, банките и сирењето – Цирих! Второто место, пак, му е доделено на Копенхаген, исто така во голема мера благодарение на нивото на среќа и прифаќањето на ЛГБТК+ заедницата, додека на третото место се наоѓа Минхен, град со исклучително ниска стапка на криминал.
Во првите 10 градови според ова истражување, покрај споменатите три, влегоа и Амстердам, Виена, Стокхолм, Берлин, Прага, Единбург и Даблин.
Откако прочитавте кои се најпријателските градови во Европа за 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најпријателските земји во Европа.
Извор: punkufer.dnevnik.hr