Кои се најчестите причини поради кои жените бараат развод?
Според статистиките спроведени од Националниот центар за здравје, 2/3 од жените во брак бараат развод. Уште поневеројатна статистика е дека во паровите со факултетска диплома, разводот побаран од страна на жените е и до 90%. И тоа што е можеби најинтересно е фактот дека во последниве 100 години, токму жените се оние кои најмногу бараат развод.
Можеби ова е една од причините зошто поголемиот број луѓе сметаат дека е сосема нормално жената да поминува низ развод. Но, вистината е дека разводот е подеднакво болен и за двете страни. Повеќето жени не сакаат развод, бидејќи тие го сфаќаат сериозно својот збор и бидејќи веруваат дека до крајот на животот ќе останат со својот сопруг. Тие сакаат партнер, пријател, љубовник и татко на нивните деца кој ќе ги цени.
Дури и покрај тоа што повеќето жени денес работат, тие сепак сè уште се сметаат за основите одржувачи на домот и главните старатели на децата. Овие размислувања додаваат голем притисок врз самите жени, бидејќи таа на овој начин има две работи со полно работно време. Од друга страна, тие сè уште се соочуваат со нерамноправност на работа, додека нивните соработници мажи побрзо напредуваат во истата кариера и добиваат поголема плата.
Поради многуте верувања на жените, кои се префрлаат од мајка на ќерка со генерации, тие сè уште се борат со она што навистина се и со улогите кои нивното општество ги очекува од нив. Станува збор за внатрешна битка која најчесто ги води жените кон поставување невозможни побарувања од себе. Тие сакаат да имаат сè и некаде длабоко во себе чувствуваат дека мора да го направат тоа, додека истовремено врискаат за помош.
Можеби ќе ви дојде како изненадување, но проблемот со парите се наоѓа дури на 13-то место кое ни покажува дека постојаните караници за финансиите НЕ се едни од главните причини за развод. Оваа листа сè што ни покажува е дека секоја жена посакува еднаков партнер. И ако добро размислите, ќе сфатите дека и мажите и жените го бараат истото – сите ние сакаме личност која ќе нè сака безусловно. Партнер кој ќе го бара нашето мислење за важните нешта, кој ќе им верува на нашите одлуки и кој ќе нè почитува како личност. Сите луѓе сакаат да бидат ценети и сакаат да се најдат на прво место, а додека зборуваат, сакаат да бидат ислушани.
Секоја врска започнува со љубов. Со цел да стапат во брак, тие треба да почувствуваат барем дел од нештата наројани погоре. И во тие моменти се чувствуваат како да се на 7-мо небо покрај својот партнер. Но, потоа животот ќе се случи. Бидејќи станува збор за 2 различни индивидуи кои на свој начин се справуваат со стресот и притисокот од секојдневието, доаѓа до појава на караници и недоразбирања. Особено ако нема комуникација. Најчесто жените се оние кои ќе се обидат да направат сè за да го спасат бракот. Тие почнуваат да читаат книги, пробуваат нови нешта, губат тежина, купуваат нова облека, па можеби дури и си наоѓаат ново хоби. Сè ова го прават со надеж дека ќе го оживеат она кое го изгубиле. Но, доколку не гледаат повеќе надеж, сè што им преостанува е развод…