Кои се 5-те најголеми езера во светот?
Иако повеќето од нас сакаат море, сепак и езерата можат да бидат добра опција доколку планирате одмор. Во продолжение ви ги претставуваме 5-те најголеми езера во светот.
1. Касписко Езеро
Ова езеро уште попознато како Касписко море, со своите 371 илјади квадратни километри е најголемото езеро по површина во цел свет. Се граничи со Казахстан, Русија, Туркменистан, Азербејџан и Иран и е еден вид „базен“ кој се наоѓа на 27 метри под морското ниво. Водата во езерото е малку солена, но не толку како во морињата или океаните.
2. Горно Езеро
Горното езеро е најголемо од групата на северноамериканските Големи Езера, има површина од 82 илјади километри квадратни и се протега по должината на границата на Канада и САД. Се граничи со канадската држава Онтарио, но и со американските држави Минесота, Висконсин и Мичиген. Езерото содржи повеќе вода од сите други четири Големи Езера заедно. На него се наоѓаат и многубројни острови.
3. Езеро Викторија
Езерото Викторија е најголемото езеро во Африка кое граничи со Уганда, Кенија и Танзанија. Зафаќа површина од 68.870 километри квадратни, а езерото е познато и по дивите животни како и многуте видови риби.
4. Езеро Хјурон
Езерото Хјурон е уште едно езеро од групата Големи Езера, а се наоѓа помеѓу Мичиген и Онтарио. Со површина од 59.570 километри квадратни, тоа е третото по големина слатководно езеро во светот, сместено на речиси 180 метри надморска височина, а неговата просечна длабочина е 60 метри. Се протега во должина од 332 километри, а тука се наоѓа островот Манитулин, најголем остров на планетата опкружен со свежа вода.
5. Езеро Мичиген
Езерото Мичиген е третото по големина езеро во Северна Америка со површина од 57.757 километри квадратни и граничи со неколку американски држави вклучувајќи ги Илиноис, Индијана, Мичиген и Висконсин и е најголемото езеро во светот кое целосно ѝ припаѓа на само една држава (во овој случај САД). На неговите брегови се распослани неколку поголеми градови како Чикаго и Милвоки.
Откако прочитавте кои се најголемите езера во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за езерото со илјада острови кое нема лесно да го лоцирате на мапата.
Извор: punkufer.dnevnik.hr