Кои се 25-те најбогати земји во светот?
Според анализата извршена од страна на светското списание посветено на работата со финансии „Global Finance Magazine“, следниве 25 држави се најбогатите во целиот свет. Врз основа на податоците од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, списанието ги рангирало земјите според нивниот бруто домашен производ (БДП) по глава на жител изразен во РРР (Purchasing Power Parity). РРР овозможува да се споредат животните стандарди помеѓу различни нации.
Тринаесет од првите 25 најбогати земји се наоѓаат во Европа, додека САД и Канада исто така се вклучени во листата. Велика Британија не успеала да влезе во првите 25, но е рангирана на 27-мото место, со БДП по глава на жител од 39.224 долари. Некои мали земји како Лихтенштајн, Науру, Ватикан, Монако, Сан Марино и Андора не биле воопшто вклучени во истражувањето. Да не должиме, погледнете кои се 25-те најбогати земји во светот.