Кои се 10-те најголеми острови во светот?

Кои се 10-те најголеми острови во светот?

Ви ја споделуваме листата на десетте најголеми острови во светот, од кои за најмалку три веројатно никогаш не сте слушнале. Да почнеме!

Кои се 10-те најголеми острови во светот?

10. Островот Елесмер, Арктички Океан

Зафаќа површина од 121.935 квадратни километри и е трет по големина канадски остров. Одделен е од Гренланд со каналот Кенеди и припаѓа на групата Острови на Кралицата Елизабета. Островот е дом на вториот по големина национален парк во Канада.

9. Островот Викторија, Арктички Океан

Овој остров има површина од 135.017 квадратни километри, што го прави вториот по големина остров во Канада. Се карактеризира со стрмни брегови и многубројни заливи. Името го добил по кралицата Викторија. Овој остров има исклучително блага клима, најблага во Канада, а на Канаѓаните им служи како место за бегство од секојдневната градска гужва.

8. Велика Британија, северозападен брег на Европа

Сместен во северниот дел на Атлантикот, овој остров е дом на Обединетото Кралство, кое ги вклучува Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска. Тој е и најголемиот остров во Европа, со површина од 142.821 квадратни километри. Има повеќе од 65 милиони жители, што го прави трет најнаселен остров во светот.

7. Хоншу, Јапонско Море

Хоншу е најголемиот јапонски остров, а воедно и најнаселен. На него се наоѓаат најголемите јапонски градови Кјото, Токио и Осака. Тој е и вториот најгусто населен остров во светот со население од над 103 милиони жители. Зафаќа вкупно 143.514 квадратни километри, вкупно 60% од јапонската територија.

6. Суматра, Индиски Океан

Овој остров се наоѓа во западна Индонезија и е дел од групата острови наречени острови Сунда. Зафаќа површина од 294.283 квадратни километри и е населена со над 50 милиони жители. На овој остров има масивен планински венец Барисан. Најголемите атракции се природните убавини, вулканите, езерата и џунглата.

5. Бафин, Арктички Архипелаг

Ова е најголемиот остров во Канада со површина од 315.312 квадратни километри. И покрај големината, населен е само со 11.000 жители поради суровите временски услови. Ледените полиња Баренс и Пени се исто така лоцирани на островот. Островот Бафин е неверојатно див, суров и леден терен, а најголем дел од населението го сочинуваат Ескимите.

4. Мадагаскар, Индиски Океан

Островска држава која зафаќа 434.522 квадратни километри. Овој остров е дом на растенија и животни кои не можат да се најдат на друго место во светот, па затоа го нарекуваат и остров со најголема биолошка разновидност во светот. Најпознат е по теоријата на еволуцијата на Чарлс Дарвин.

3. Борнео, Тихи Океан

Најголемиот азиски остров кој зафаќа вкупно 462.364 квадратни километри. 73% од островот е под територијата на Индонезија. Островот е дом на најстарата прашума во светот, за која се претпоставува дека е стара над 140 милиони години.

2. Нова Гвинеја, Тихи Океан

Вториот по големина остров во светот има површина од 487.631 квадратни километри. Островот е населен со 11 милиони жители кои зборуваат над илјада различни јазици. Климата на овој остров е претежно тропска, а просечната температура е околу 22 степени.

1. Гренланд, Атлантски Океан

Гренланд е најголемиот остров во светот и зафаќа површина од 1.351.847 квадратни километри. Повеќе од една третина од островот е покриена со ледена покривка. Просечната дневна температура се движи меѓу -9 и 7 Целзиусови степени. Гренланд е дом и на најголемиот национален парк во светот.

Откако прочитавте за најголемите острови во светот, можеби ќе сакате да прочитате и каде се наоѓа најмалиот населен остров во светот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар