Кои се 10-те најбогати градови во светот во 2022 година?

Кои се 10-те најбогати градови во светот во 2022 година?

Њујорк со години се наоѓа на врвот на листата на најбогати градови во светот. Не само што е дом на неверојатен број од 345.600 милионери и 59 милијардери, туку е и центар на трговијата и инвестициите на финансискиот капитал на Соединетите Американски Држави и Вол Стрит. Згора на тоа, има највисока вредност на ПКМ (паритет на куповна моќ).

Кои се 10-те најбогати градови во светот во 2022 година?

Паритет на куповна моќ е начин на мерење на цените во различни земји врз основа на иста количина на стоки и услуги што може да се купат, односно претставува теорија на долгорочна рамнотежа во девизниот курс на одредена земја.

Макроекономските аналитичари и економисти вообичаено ја користат вредноста на ПКМ за одредување на животниот стандард и просперитетот на одреден град или земја.

На првото место на рангирањето на најбогатите градови во светот во 2022 година е Њујорк со ПКМ од 2422 милијарди американски долари. Следува Токио со 2205 милијарди американски долари, додека на третото место се наоѓа Лос Анџелес.

10-те најбогати градови во светот според паритет на куповната моќ во 2022 година:

1. Њујорк, САД (ПКМ: 2.422 милијарди долари)

2. Токио, Јапонија (ПКМ: 2.205 милијарди долари

3. Лос Анџелес, САД (ПКМ: 1.105 милијарди долари)

4. Сан Франциско, САД (ПКМ: 1.383 милијарди долари)

5. Сеул, Јужна Кореја (ПКМ: 1.125 милијарди долари)

6. Париз, Франција (ПКМ: 1.075 милијарди долари)

7. Лондон, Велика Британија (ПКМ: 1.064 милијарди долари)

8. Шангај, Кина (ПКМ: 1.018 милијарди долари)

9. Москва, Русија (ПКМ: 1.004 милијарди долари)

10. Пекинг, Кина (ПКМ: 950 милијарди долари)

Откако прочитавте кои се најбогатите градови во светот во 2022 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те градови во кои не постои стрес и кои се идеални за живеење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар