Кои професии се најстресни, а кои најмалку?
Професионалните војници, пилотите, директорите на маркетинг агенциите и новинарите ја имаат најстресната работа на светот. Од друга страна најпосакувани работни позиции кои трпат најмалку стрес се универзитетските професори, библиотекарите, кројачите и фризерите, покажало најновото истражување.До овие резултати, истражувачите дошле правејќи листа со 200 професии, а количината на стрес ја мереле преку неколку параметри. Во параметрите влегувале физичкото вложување, ризикот, потенцијалната смрт, патувањата и профитот од работењето.
За најмалку стресни професии биле одбрани универзитетските професори, библиотекарите, кројачите и фризерите, поради позитивниот фидбек од клиентите и соработниците, а воедно се покажало и дека овие луѓе се и најсреќни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.