Кои луѓе имаат тенденција да бидат манипулативни и нарцистички психопати?
Луѓето кои остануваат будни до подоцна најчесто покажуваат и антисоцјални карактерни особини како на пример, нарцизмот или психопатијата. Според неодамнешно истражување кое било објавено во журналот „Personality and Individual Differences“, а било спроведено од страна на Џонасон и неговите колеги, покажало дека макијавелизмот, нарцисизмот и психопатијата, соодветно наречени „Темната Тријада“, биле поврзани со доцното легнување.
„Оние кои постигнале висок резултат за карактерните особини на темната тријада, исто како и другите предатори во светот, како лавовите и скорпиите, се суштества на ноќта. Луѓето кои водат брза животна стратегија и се карактеризираат со темната тријада најчесто подобро функционираат во послабо осветлена околина каде што другите спијат и имаат намалено когнитивно функционирање“, објаснува Џонсон.
Заклучоците биле донесени врз основа на онлајн прашалник кој покрај тоа што ги мерел навиките за спиење кај 263 студенти, ги мерел и следниве карактерни особини:
- Психопатија: Се карактеризира со намалена емпатија и антисоцијално однесување. Психопатите најчесто многу добро влијаат врз другите.
- Нарцизам: Егоманијаци.
- Макијавелизам: Тенденција да се манипулираат и да се експлоатираат другите без никакво чувство на моралност.
Џонасон продолжува:
„Изгледа постои некаков вид еволуциона поврзаност помеѓу измамниците и оние кои сакаат да ги откријат и казнат, па темната тријада можеби претставува еден вид специјализирана адаптација со цел да се избегне откривање. Карактеристиките на ноќта – послабо осветлена околина додека другите спијат е соодветна атмосфера за сите оние нешта со кои се поврзува темната тријада. Ако добро размислите, поголемиот дел од злосторствата и сексуалната активност се случуваат навечер.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.