Кои имиња не смеете да ѝ ги дадете на вашата ќерка?

Кои имиња не смеете да ѝ ги дадете на вашата ќерка?

Постои верување дека името го одредува карактерот, а подоцна и судбината на личноста којашто го носи. Името е наше обележје, нешто кое го носиме со нас од самото раѓање и со кое силно се идентификуваме затоа што е дел од нас уште откако сме станале свесни за себе.

Русите сметаат дека овие женски имиња можат да донесат несреќа и осаменост.

Александра

Девојките со ова име често се надарени со цврст машки карактер што за жал не им помага во воспоставувањето складен однос со партнерот. Повеќето од оние што го носат ова име стапуваат во брак подоцна и нив семејната среќа не им е приоритет. Девојките со ова име не се мрзливи, но не уживаат во домашните работи како што се чистење, перење и готвење. Тие се оние што во семејството носат сила и стабилност, а „женските“ работи не се нивен фах. Често имаат успешна кариера, но им недостасува женственост и нежност.

Вера

Девојките со ова име имаат прекрасен карактер – тие се разумни и спокојни. Наклонети се кон авантуристички и екстремни спортови. Копнеат по нежност и близина, па често ги менуваат партнерите во постојана потрага по маж што ќе ги чува како „капка на дланка“. Најчесто се мажат за постар маж, но никогаш не чувствуваат силни емоции кон него. Нив секогаш најважно им е да бидат финансиски стабилни, а ако имаат деца сакат да им обезбедат изобилие и ништо нема да им застане на патот.

Кристина

Девојките со ова име се склони кон брзо заљубување и големо разочарување. Поседуваат експлозивен темперамент што доведува до постојана нестабилност во семејниот живот. Склони се често да започнуваат расправии со мажот и свекорот. Тие најчесто одбираат многу љубоморен човек за сопруг. Ако се родени на есен, со текот на времето учат да го совладаат својот карактер што може да придонесе за мирен семеен живот.

Људмила

Тие што го носат ова име се многу чувствителни и мирни. Мажот го бираат многу внимателно. На прв поглед тие ги имаат сите карактеристики за да доживеат среќа, но нивното барање на партнер на крајот ги води во ќорсокак. Бракот со девојките со ова име е исполнет со кавги, жалби и обвинувања. Ретко кој може да живее со нив.

Светлана

Девојките со ова име секогаш се потпираат само на себе и тоа ги спречува да се препуштат и да пронајдат вистинска среќа. Мажите им посветуваат многу внимание, но кон нив тие се многу внимателни и недоверливи. Долго време се противат на брак, а тоа ги навредува мажите коишто ги сакаат. Во бракот се среќни и грижливи мајки.

Дознајте кои се 10-те најубави машки и женски имиња што ги имаме позајмено од Русите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар