Кога умот си поигрува: Зошто викате на телевизорот кога вашиот спортски тим губи?

Кога умот си поигрува: Зошто викате на телевизорот кога вашиот спортски тим губи?

Иако луѓето се одликуваат со рационално и свесно размислување, сепак нашиот ум може да си поигра со нас на многубројни начини. Следуваат 5-те начини на кои нашиот ум си поигрува, терајќи нè да правиме работи кои можеби не ги сакаме и за кои често не сме ниту свесни.

1-koga-nashiot-um-si-poigruva-zoshto-vikate-na-televizorot-koga-igra-vashiot-klub-i-shto-e-efekt-na-noj-www.kafepauza.mk_

1. Илузија на контрола

Луѓето имаат тенденција да ја преценуваат својата способноста за контрола на она што се случува околу нив. Па така, на пример, љубителот на некој спортски клуб мисли дека неговите мисли или активности (викањето на телевизорот и слично) ќе имаат некаков ефект врз текот на играта.

2. Ефект на мамка

Станува збор за феноменот во маркетингот каде што потрошувачите имаат специфична промена во преференциите помеѓу два избора, откако им е понуден и трет избор. Понудете две чаши сок, со различна големина и луѓето ќе ја изберат помалата. Но, ако им понудете и трет избор, луѓето ќе ја изберат средната големина.

3. Ефект на ној

Ефектот на ној е одлуката да ги игнорираме опасните или негативните информации така што ја ставаме, на пример, перницата врз главата, исто како ноевите кога ја забиваат главата во песокот.

4. Влијанието на еристиката

Докажано е дека го интерпретирате светот според начинот на кој се чувствувате. На пример, поминувате покрај некоја зграда и почнувате да чувствувате некој мирис. Личноста која пешачи со вас ќе ви каже дека почувствувала мирис на храна, доколку е гладна, додека на вас ќе ви мириса на нешто сосема поразлично во зависност од тоа како се чувствувате.

5. Индуктивен отпор

Желбата да го направите спротивното од она што ви е кажано. Тоа се јавува, бидејќи несвесно (или свесно) сакаме да ја докажеме нашата слобода на избор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар