Кога обична девојка станува принцеза: 6 лекции за кралско однесување
Таа треба да изгледа убаво, но и да знае како да ги избегнува честите грешки бидејќи целиот свет ќе го анализира нејзиното однесување. Најдобар пример за тоа е Кејт Мидлтон, која не е аристократка и за разлика од нејзиниот сопруг кој цел живот е растен во таа околина, таа морала од почеток да ги учи сите правила на соодветното однесување. Па, погледнете низ што поминува секоја обична девојка пред да стане вистинска принцеза.
1. Кралски поздрав
Принцезата мора да покаже понизност пред другите крунисани глави и соодветно да се ракува. Токму затоа и таа е онаа која прва ја подава својата рака и притиска, но не премногу цврсто. Во вистинскиот свет, новите принцези исто така мораат да го научат и кралското поклонување кое се изведува за време на свечените настани. Тоа е прилично тешко, со оглед на фактот што сите мускули се вклучени при изведувањето на истото.
2. Седење и стоење
Седењето и стоењето, без разлика на времето и местото, е пресудно. Секоја принцеза треба да стои со едното стапало малку пред другото, да ги насочи прстите кон надвор и да го вовлече стомакот. Рамената ѝ се фрлени наназад, додека главата треба да стои исправено, слично како држењето на балерините. Што се однесува до седењето, многу е важно тие да не се фрлат веднаш на столицата која им ја придржуваат, туку најпрво да седнат на работ, а потоа да се наместат на центарот. Исто така не треба да ги прекрсти нозете, бидејќи тоа се смета за машка поза. Таа треба да ги допре нозете и колената секогаш да ѝ бидат приближени едно до друго.
3. Одење
Долгите и расфрлани чекори се строго забранети, исто како и ширењето на нозете кај колената. Принцезите одат лесно, газејќи прво на пета и внимавајќи да не им се раздвојуваат колената. Тие исто така не смеат да мрдаат со рацете, туку да ги опуштат покрај своето тело или елегантно да ги поткренат за држење на чантата.
4. Манири на маса
Чашата секогаш треба да биде во нејзината лева рака, со цел десната да ѝ биде слободна за ракување. На вечерите, не смее да им заѕвони мобилниот телефон и да се навалат над масата со цел да земат парче леб или друг вид храна. Исто така познавањето на приборот за јадење е од клучна значајност. Голема грешка би направиле доколку побараат да се дополни нивната чаша и дури и ако се жедни, не треба да испијат сè што има во неа.
5. Соблекување и облекување капут
Иако секогаш во близина ќе има некој од послугата за да го поддржи нејзиниот капут, таа сепак треба да внимава на одредени ритуали. На пример, во капутот секогаш прво се навлекува едната рака, па се префрла на рамената, а потоа се додава и другата рака во ракавот.
6. Влегување и излегување од автомобил
Дамите секогаш треба да влегуваат во автомобилот така што прво ќе седнат, а потоа со стиснати колена ќе ги повлечат двете нозе одеднаш внатре. Тие не потскокнуваат влегувајќи само со едната нога, а потоа повлекувајќи ја другата бидејќи тоа однесување се смета за неприфатливо.