Кога мачките се бањаат…
Познато е дека мачките сакаат глувци, а мразат вода. Тие навистина не сакаат да се бањаат, а особено домашните мачки. Доколку се научат од мала возраст на бањање, водата нема да им предизвикува страв, но ако почнете да ги бањате подоцна, тоа за нив ќе биде шок. Дополнително, доколку мачката не е навикната да се бања, ако ѝ влезе вода во увото, тоа може да предизвика инфекција.
Мачките знаат да си ја одржуваат хигиената сами, па нивниот систем на бањање е сосема доволен доколку се работи за домашно чувани миленици. Сепак, оние кои го совладуваат стравот од водата, добиваат дополнителен третман за убавина од своите сопственици, а резултатот од тој процес се овие пресмешни фотографии.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.