Кога ќе ги направите овие 19 непријатни работи, ќе сфатите дека сте ментално зрели
Без разлика колку години имате, не сте возрасни сè додека не расчистите некои работи во главата и не направите некои работи што можат да бидат непријатни, да предизвикаат кавги и конфликти или да ги расипат односите. Ако навистина сакате да бидете ментално зрели, треба да поминете низ следниве 19 работи.
1. Да им кажете на родителите дека не се согласувате (особено ако тоа има врска со вашиот живот) и дека сте подготвени да се соочите со секој кој не ја почитува вашата одлука, без разлика како тоа ќе влијае на вашиот однос.
2. Да се откажете од долгогодишните пријатели кои веќе не ви одговараат (пријателството станало токсично, луѓето се смениле на полошо итн.).
3. Искрено да им кажете на тие пријатели зошто веќе не сакате да се дружите со нив.
4. Да ги избришете телефонските броеви на луѓето кои никогаш не биле тука за вас.
5. Да ѝ објасните на личноста на којашто ѝ се допаѓате дека не сте заинтересирани за неа, наместо да ја избегнувате.
6. Да се преселите таму каде што ви одговара да живеете – од практични, од деловни или од други причини.
7. Прифатете го фактот дека животот не е само забавен и поставете си приоритети. Одбијте ја поканата за забава ако имате нешто попаметно и поважно да направите или ако едноставно не сакате да го нарушите вашиот сон.
8. Разберете дека луѓето понекогаш се премногу зафатени и немаат време за вас, исто како што понекогаш вие немате време за нив и дека едноставно не можете да бидете блиски како порано.
9. Кога ќе видите дека некој си заминува, бидете свесни дека тој веројатно нема да се врати во вашиот живот.
10. Разберете дека не можете да им помогнете на сите и не треба да се чувствувате виновни за тоа.
11. Ако не ги погазите вашите зборови и принципи кога гледате голема сума пари која ви се чини лесно достапна, дефинитивно сте зрела и возрасна личност.
12. Бидете свесни дека сте возрасни, иако можеби не се чувствувате така.
13. Задолжете се. Научете да вратите. Во исто време, ќе научите да бидете одговорни и да трошите рационално.
14. Бидете свесни дека генерацијата на вашите родители не ги разбира денешното време и денешното искуство.
15. Сфатете дека не успеале сите луѓе кои учеле и работеле напорно.
16. Прифатете дека и другите луѓе понекогаш се во право.
17. Откажете се од ривалството со вашиот брат или сестра и започнете да го цените фактот дека сте способни да постигнете успех на различно поле. Не сме сите исти.
18. Неизбежниот дел од растењето и созревањето е вљубувањето во личност која воопшто не е за вас. Кога ќе го преболите тоа, сте направиле голем чекор кон станувањето зрела личност.
19. Согледајте ги сите одлуки што сте ги донеле во минатото, какви пречки поминавте, кој погрешен пат сте го одбрале, како сфативте дека е погрешен? Бидете личноста што сте одлучиле да бидете, дури и ако тоа значи дека мора да се вратите на 25-годишна возраст и да започнете од грешката што сте ја направиле тогаш.
Прочитајте кои се 13-те нешта што вистински зрелите мажи никогаш не ги прават.