Кога ја добивте вашата прва менструација? Одговорот крие факти кои би требало да ги знаете!

Кога ја добивте вашата прва менструација? Одговорот крие факти кои би требало да ги знаете!

Едно прилично интересно истражување спроведено во Сан Диего покажало на кој начин менструацијата е поврзана со животниот век на жените.

1-koga-ja-dobivte-vashata-prva-menstruacija-odgovorot-krie-fakti-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

Експертите ги проучувале резултатите на 16.000 жени во менопауза и нивните резултати биле објавени во списанието „Menopause“. Тие откриле дека меѓу испитаниците кои својата прва менструација ја добиле на 12 или повеќе години и кои влегле во менопауза на 50 или повеќе години, имале поголеми шанси да доживеат 90 години.

„Откривме дека жените кои добиле менструација подоцна, имаат помалку здравствени проблеми, како што се хронични болести на срцето, како и жените кои влегуваат во менопауза подоцна, често се со одлично здравје “, изјавил авторот на студијата, Аладин Шадиаб.

Помеѓу жените кои подоцна добиле менструација и подоцна влегле во менопауза, исто така имало помалку пушачи, како и оние кои имале дијабетес.

Авторите на студијата истакнуваат дека се потребни дополнителни истражувања за точно да се одреди зошто постои таа поврзаност, но и од досегашните истражувања е јасно дека здравите навики и здравата менструација значат долг и здрав живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар