Кога изгледате помладо од вашата возраст тоа може да биде знак на интелигенција – откриваат истражувачите

Кога изгледате помладо од вашата возраст тоа може да биде знак на интелигенција – откриваат истражувачите

Нашата биолошка возраст многу ретко одговара на тоа како ние се чувствуваме. Има премногу фактори кои придонесуваат да изгледаме постаро или помладо. Овде ги вклучуваме стресот, финансискиот статус, секојдневните рутини и според една студија овде припаѓа и интелигенцијата. Се претпоставува дека висок IQ предизвикува во нас чувство и помлад изглед од нашата реална возраст во подоцнежните години. Но, како?

Ви откриваме како IQ-то влијае на вашето здравје и изглед како што стареете, затоа што никогаш не е доцна да си помогнете на ова поле.

Навистина е важно како се чувствувате во врска со вашата возраст

Да изгледате помладо од вашата возраст може да биде знак на интелигенција – откриваат истражувачите

Истражувањето е прилично фасцинантно и започнало во 1957 година. Тогаш, истражувачите го мереле коефициентот на интелигенција кај средношколци, а потоа ги прашале за нивната „внатрешна возраст“ од 1992 до 1993 година, и во 2011 година, кога имале 71 година. Заклучиле дека луѓето со повисока интелигенција се чувствувале помладо од нивната реална возраст.

Но, како „внатрешната возраст“ влијае на изгледот на лицето, ако изгледот се базира на чувства? Размислете за тоа: ако се чувствувате постаро и сте помалку физички активни, тоа може да ве направи депресивни и подложни на болести. Колку помладо се чувствувате, толку повеќе работи сакате да правите и животот ви станува повозбудлив.

Интелигентните луѓе се поотворени за искуства

На многу начини, нашето чувство за изненадувања и возбуда поврзани со светот околу нас е она што прави да се чувствуваме младо на која било возраст. Интелигентите луѓе сакаат да истражуваат нови земји и да испробуваат нови работи, затоа што се свесни за можностите кои ги чекаат. Патувањето ви помага да останете активни и полни со енергија. Сите можеме да се согласиме дека преминувањето кон друга авантура звучи подобро отколку да останете на каучот уште една саботна вечер.

Станува збор за градење здрави навики

Да изгледате помладо од вашата возраст може да биде знак на интелигенција – откриваат истражувачите

На крај на денот, она што јадете и како се грижите за вашето тело е она што најмногу вреди. Потребна е голема посветеност за да водите здрав начин на живот.

Паметните луѓе знаат дека телото може да настрада од последиците како резултат на лошите избори,  и тоа може да ги мотивира да се грижат за себе, додека луѓето со пониска интелигенција може да не се доволно свесно за тоа. Затоа вреди да научите повеќе за вашето тело и за тоа што му наштетува. Можеби е голем предизвик, но се исплаќа на долг рок.

Интелигенцијата може да ви донесе пари поради остроумноста

Доброто образование честопати резултира со доброплатена работа. Луѓето со поголеми плати од просечните имаат пристап до подобра медицинска нега, можат да си дозволат третмани за убавина, јадат поквалитетна храна, патуваат… Оваа дополнителна грижа може да направи голема разлика во подоцнежните години.

Паметните луѓе на полесен начин се справуваат со стресот

Стресот е најголемиот негативец во борбата да останеме млади, бидејќи го забрзува стареењето. Луѓето со висок степен на интелигенција имаат поголема способност да им дадат приоритет на своите проблеми, што им помага да се фокусираат на решавање на една работа, наместо да се залагаат за сè одеднаш.

Тие се подготвени за предизвиците кои доаѓаат со староста и се чувствуваат помалку ранливо поради изложеноста на промени.

Можеби сакате да прочитате и дека добриот шеф „умножувач“ ја поттикнува интелигенцијата и тимските достигнувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар