Кога и колку треба да се грижите за безбедноста за време на лет со авион?

Кога и колку треба да се грижите за безбедноста за време на лет со авион?

Летањето со авион предизвикува страв кај многумина токму поради безбедноста, иако се работи за најбезбедната форма на сообраќај која постои. Секој ден има стотици летови, но шансите некој да умре додека тие траат е екстремно мала. Авионите поминуваат низ детални проверки пред секое полетување и затоа имаат многу помалку жртви во споредба со автомобилите и другите форми на превоз. Филмовите создаваат искривена слика за нив, па затоа ви пренесуваме мислења на неколку пилоти за работите кои се сметаат за трагични, а всушност не се опасни.

Кога и колку треба да се грижите за безбедноста за време на лет со авион?

Турбуленција

Пензионираниот пилот Патрик Смит вели дека турбуленцијата не е опасна, иако делува така. Тој тврди дека патниците може за момент да почувствуваат како да паѓаат, иако авионот едвај се поместува од својата линија на движење, и тоа најчесто за 3-5 метри. Авионите лесно ги издржуваат дури и најголемите струења во воздухот. Досега во историјата само еднаш се случило авион да се сруши поради турбуленција, и тоа во далечната 1966 година.

Откажување на моторите

Ниту откажувањето на некој од моторите не е опасно. Се разбира дека не е пријатно, но не е нешто поради кое ќе го изгубите животот. Авионите не ја губат брзината со која летаат поради оваа причина, исто како што велосипедот продолжува со истата брзина ако престанете да вртите со педалите. Сепак, авионите се опремени со современа технологија која навремено му дава многу информации на пилотот, така што речиси и нема шанси да се случи нешто лошо ако откаже некој од моторите.

Чад во авионот

Пензионираниот пилот Рон Нилсен вели дека ниту чадот во авионот не е ништо опасно, затоа што во овој случај неговото постоење на значи и оган во авионот. Сигурно се работи за некаков дефект, но тој не може да биде од таква природа со која би ја загрозил безбедноста. Вели дека чадот мириса многу лошо, но воопшто не е опасен.

Оган во моторот

Ако тоа се случи при стартувањето на моторот причината е масло кое останало на место на кое не му е местото, но тоа секако е само малку масло и нема никаква опасност. За време на лет тоа се случува кога некоја птица ќе влезе во моторот, а процесот на печење е проследен со малку оган. Тоа не може да предизвика паѓање на авионот. Птиците постојано се судираат со авионите. За да има некаква опасност по безбедноста потребно е неверојатно големи птици во исто време да влезат и во двата мотора, а тоа досега се има случено само еднаш.

Излегување на маските за кислород

Маските за кислород излегуваат кога воздушниот притисок во авионот е премал. Во најлош случај причината за тоа може да биде пукнатина на прозорец. Изгледа многу лошо, но според Нилсен тоа е сосема безопасно. Пилотите се добро обучени и знаат како брзо да стигнат до висина која обезбедува подобар притисок.

Кога неверојатно брзо се доближувате до тлото

Доколку забележите ваква глетка низ прозорецот, а пилотот не најавил слетување, можете да бидете сигурни дека нешто не чинии и дека авионот паѓа. Сепак, многу е неверојатно да видите нешто вакво затоа што авионите паѓаат екстремно ретко.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар