Кога е вистинското време да го средите вашиот живот и да станете сериозна личност?

Кога е вистинското време да го средите вашиот живот и да станете сериозна личност?

Сериозната личност има семејство, стан, автомобил и 30-тина години. Можеби ова важело пред 10 години, но денес нештата се променети, па можеби и одложени за дури цела деценија.

Кога е вистинското време да се средите и да станете сериозна личност?

Според една анкета спроведена во Велика Британија, модерниот човек би требало да го „среди“ својот живот до 39-тата година. Ова значи дека дотогаш би требало да има задоволителна љубовна врска, кариера и круг на блиски пријатели.

Во анкетата учествувале 2.000 луѓе и била спроведена од страна на една осигурителна куќа. Резултатите покажале дека кругот на блиски пријатели би требало да го имаме до 29-тата година, а вистинските пријатели да ги запознаеме до 31-вата.

Имено, дури 44% од испитаниците верувале дека никогаш нема до крај да го средат нивниот живот. 25% од нив изјавиле дека љубовниот живот им е потполна катастрофа, додека 74% од анкетираните воопшто немале време да се посветат на средување на животот поради работата и секојдневните проблеми.

16% од анкетираните рекле дека не се преоптоваруваат со „проблемите на возрасните“, 13% кажале дека ќе почнат со организирање на животот „утре“, додека 14% од испитаниците на возраст од 18 со 29 години изјавиле дека се премлади за овие работи и дека сакаат да се забавуваат. На кратко, терминот „сериозност“ доживеа навистина сериозни промени.

Погледнете и на кој начин модерниот живот си поигрува со вашите ум и тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар