Кое живо суштество на планетата раѓа најголемо бебе споредено со големината на телото?
Колкав е соодносот во големината на телата на мајката и бебето? Кои животни раѓаат младенчиња кои се преголеми и претешки за нивните тела? Зошто јајцето на птицата киви е тешко колку половина од нејзиното тело? Дознајте ги одговорите на овие прашања преку следните интересни факти:
1. Птицата киви – Нејзиното јајце е тешко колку половина од телото на самата птица. Тоа е поради големата жолчка, која содржи доволно хранливи резерви за првите недели од развојот на малата единка.
2. Жирафи – Во моментот на раѓање, младенчето на жирафата има тежина еквивалентна на 10% од телото на мајката.
3. Белуга (бел кит) – Овој вид кит живее во крајбрежните мориња на Северниот Леден Океан. Нејзиното младенче има родилна тежина која изнесува 1/17 од тежината на мајката.
4. Луѓе – Бебињата кои се навреме родени имаат просечна тежина еднаква на 1/22 од тежината на мајката.
5. Слон – Иако бебето слон е доста поголемо од кое било друго бебе на оваа планета, споредено со мајката, може да биде и до 26 пати помало од неа.
6. Џиновска школка – Оваа огромна школка може да тежи и до 200 килограми, но нејзините млади единки се толку мали, што нивниот сооднос на тежина на тело е еден спрема 500 милиони.
7. Црвен кенгур – Младенчињата на најголемиот број видови кенгури се раѓаат мали и остануваат во торбата на стомакот на мајката додека доволно да пораснат. Големината на малото кенгурче е 1/100.000 споредено со телото на мајката.
8. Голема панда – Просечната тежина на штотуку родено младенче на панда е околу 900 пати помала од тежината на мајката.
Дознајте повеќе за животните од овие 9 фасцинантни факти кои не сте ги учеле во училиште.