Кое е значењето на овие 11 необични трикови во хотелската индустрија коишто ги збунуваат гостите?
6. Зошто во тоалетите на хотелските соби има телефон?
Понекогаш, разни несреќни случаи како на пример срцев удар, доживување некаква траума или заглавување на бравата, може да се случат токму во тоалетите на хотелските соби. Поради ова, добрите хотели вградуваат телефонски слушалки во тоалетите, со цел гостите да можат да побараат помош доколку им е потребна. Реалноста е, дека ретко кој го зема со себе мобилниот телефон, кога оди да се капе.
7. Зошто сите хотелски кревети имаат бели чаршави?
Погледот кон снежно-белата постела во средината од хотелската соба, ни создава чувство дека собата е детално исчистена, дури и ако собарката само ги сменила чаршавите и не исчистила ништо друго. Се користат само бели чаршави, бидејќи тоа е поврзано со нашата психолошка перцепција за оваа боја, којашто нè асоцира на чистина. Воедно, белите чаршави се и попрактични, бидејќи нема потреба да се сортираат според боја пред перењето. Од истава причина и бањарките и крпите во хотелите, се секогаш во бела боја.
8. Зошто во некои хотели е прескокнат бројот на соба 420?
Во Северна Америка, љубителите на канабис го користат бројот 420 како код за нивните забави. Овој трик е широко распространет ширум светот, па поради тоа некои сопственици на хотели го прескокнуваат овој број на соба, за да ги обесхрабрат ваквите активности. Некои сопственици на хотели, одат дотаму што ја заменуваат табличката на вратата на којашто треба да стои бројот 420, со некои многу необични методи, на пример 419+1.
9. Зошто во тоалетите на хотелските соби има хартиени кесички за ѓубре?
Ваквите кеси обично се лоцирани во близина на тоалетната шолја, а им се нудат на гостите коишто имаат потреба да фрлат нешто во кантата за отпадоци, а не сакаат да се гледа, на пример хигиенски влошки. Ваквите кеси, не само што овозможуваат гостите да се чувствуваат удобно, туку истовремено спречуваат затнување на одводниот систем од разни предмети.
10. Зошто далечинските управувачи за телевизорот и клима-уредот се завиткани во пластична обвивка?
Далечинските управувачи се највалканиот предмет во собата, бидејќи тие се допирани од илјадници претходни гости на хотелската соба. Собарките во реномираните хотели, секогаш ги дезинфицираат со специјални средства за чистење. Откако ќе ги исчистат, ги вметнуваат во пластична обвивка. Во поскапите хотели, се употребуваат и водоотпорни далечински управувачи, со цел персоналот да може да ги измие, како и сите останати предмети во хотелските соби.
11. Зошто собарките ги виткаат рабовите од тоалетната хартија во хотелските тоалети?
Во хотелската индустрија, завиткувањето на почетниот дел од тоалетната ролна се смета за хигиенска работа. Овој трик, им овозможува на гостите да констатираат дека никој не го користел тоалетот после чистењето на собата и треба да го откинат овој дел од хартијата, којшто го допрела само собарката. Во некои хотели, виткањето на тоалетната хартија е претворено во вистинска уметност, како на фотографијата погоре.
Дали некогаш во некој хотел сте забележале други чудни работи што не се спомнати во оваа содржина и сте ја откриле нивната тајна? Споделете со нас, во коментарите подолу.
Може да ве интересира и како изгледа сместувањето во најдобриот хотел на светот?
Каде е објаснувањето за 5тото прашање?
5. Зошто ги вметнуваат рабовите од јорганите под душеците?
Благодариме за забелешката, сме го избришале по грешка во процесот на уредување. Сега може да се прочита.