Кое е значењето на броевите што се повторуваат?

Кое е значењето на броевите што се повторуваат?

Дали сте забележале дека постојано ги гледате истите броеви што се повторуваат? Ова не е случајност. Важно е да разберете дека е мала веројатноста постојано да ги забележувате истите броеви, па затоа и нивното појавување во вашиот живот има некакво значење. Пронајдете го бројот што постојано ви се повторува и откријте го неговото значење.

Кое е значењето на броевите што се повторуваат?

Броевите што се повторуваат се знак за духовно будење

Кога се случува ова, нашите астрални тела се синхронизираат со универзумот, па добиваме важни пораки за нас и за луѓето коишто ги сакаме. Ова се пораки што не можеме да ги добиеме на друг начин. Па, погледнете го значењето на секој од броевите што се повторуваат.

11, 111, 11:11, 1111: Повик за будење

Ако постојано ги гледате овие броеви тогаш сте добиле важен повик за будење од универзумот. Ова значи дека вашата сила поради некоја причина се активирала и се обидува да ве предупреди. Причината можеби е тоа што конечно сте се одлучиле да ја добиете поддршката од минатите животи. Очекувајте голем настан во наредните 48 часа.

22, 222, 22:22, 2222: Тајни и рамнотежа

Овие броеви ве предупредуваат дека некои тајни можеби не ви се достапни сега. Ова може да значи и дека на вашиот партнер, сопруг или најдобар пријател му е потребно вашето внимание. Бројот 2 е симбол за вашата друга половина, личноста која прави да се чувствувате целосно. Можеби овој период ќе ја сретнете и вашата сродна душа.

33, 333, 33:33, 3333: Завршување

Со овие броеви универзумот ви дава знак за целосно завршување. Можеби треба да ги порамните вашите тело, ум и дух за да постигнете поголема рамнотежа. Медитацијата ќе ви биде од многу голема помош во овој момент. Овој број може да биде и знак за божествено лекување. Можеби сте благословени со богат и здрав живот.

44, 444, 44:44, 4444: Поставете ги темелите

Ако постојано го гледате овој број, универзумот ви кажува дека е време да поставите темели за вашата иднина. Ова е знак дека треба да ги материјализирате вашите планови и да поставите нови цели. Веројатноста дека ќе успеете е многу голема во овој период. Бројот 4 ги симболизира елементите оган, вода, воздух и земја, па искористете ја нивната моќ.

55, 555, 55:55, 5555: Пуштете ја магијата внатре

Со бројот 5 универзумот се обидува да ви каже дека треба да му дозволите на вашиот дух да прави чуда во вашиот живот. 5 е бројот на чудата и бројот на петтиот елемент – духот. Овој број ви кажува дека е време да се прифатите себеси, да го прифатите вашиот живот, да ја прифатите вашата работа и да се обидете да внесете малку повеќе дух и магија во нив.

66, 666, 6666: Следете ја светлината

Ако постојано го гледате овој број, универзумот ве предупредува за убавината и рамнотежата. 6 е бројот на Венера, планетата и божица што управува со убавината и хармонијата. Иако бројот 6 често е поврзуван и со ѓаволот, ова е навистина среќен знак. Ако го гледате, време е да почнете да ја следите светлината.

77, 777, 7777: Мудроста доаѓа прва

Со овој број универзумот ве потсетува дека мудроста секогаш треба да доаѓа прва. Ова е бројот на магијата, бројот на египетскиот бог Тот кој владее со магијата и мудроста. 7 е моќен знак дека е време да ги отворите очите и да ја видите вистината. Досега сте грешеле, а сега е вашата шанса да откриете кој е вистинскиот пат за вас.

88, 888, 8888: Вистинската моќ доаѓа однатре

Ако постојано го гледате овој број, универзумот внимава на вас и знае низ што минувате. Сепак, ова е и потсетник дека вистинската моќ доаѓа однатре и ако вашето срце е чисто, успешно ќе ги надминете сите тешкотии. Потребно е да имате повеќе верба. Ако се чувствувате изолирано од универзумот, медитацијата навистина ќе ви помогне.

99, 999, 9999: Крајот наближува

Ако постојано го гледате овој број, универзумот ви кажува дека крајот наближува. Ова може да биде добро, но и лошо. 9 е број на вечноста. Некој круг на искуства се затвора. Важно е крајот да излезе добар за вас. Обидете се да го затворите овој круг со што е можно попозитивна енергија. 9 ја носи најмоќната кармичка порака во однос на сите други броеви. Потребно е да бидете помудри и да откриете што недостасува во она што го правите. Завршете ја работата и направете место за нешто ново што ќе го промени вашиот живот.

00, 000, 0000: Назад во празнината

Со овој број универзумот ве потсетува дека е време да одморите. Време е да се „рестартирате“. Направете чекор наназад и вратете се во празнината каде што ништо не постои, но од каде што потекнува сè. Едноставно кажано, наспијте се, слушајте релаксирачка музика и одморете. Правете вежби со дишење за да создадете хармонија помеѓу телото и енергијата. Ова е навистина важна порака. Потребно е да ја побарате божествената моќ на креацијата. Иако треба да делувате веднаш, потребно е да си ја вратите силата и енергијата што сте ја загубиле по пат. Земете слободно време колку што ви е потребно. Најважно е да ја вратите вашата моќ.

Погледнете и кои се најчестите синхроницитети кои не треба да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар