Кое е најстуденото место во универзумот?

Кое е најстуденото место во универзумот?

Дефинитивно не е Северниот Пол, ако помисливте на тоа. 🙂 Најстуденото место кое досега е познато се наоѓа во маглината Бумеранг. Таа се наоѓа во соѕвездието Кентаур на 5.000 светлосни години од Земјата. Станува збор за планетарна маглина која се формирала околу сјајна, централна ѕвезда која исфрла гасови во последните фази од својот живот.Кое е најстуденото место во Универзумот?Маглината Бумеранг е едно од најчудните места во универзумот. Во 1995 година астрономите Сахаи и Њајман откриле дека тоа е најстуденото место досега познато. Со температури од -272 степени Целзиусови, тоа е за само еден степен потопло од апсолутната нула (најниската долна граница на температурата). Дури и жарот од Биг Бенг е потопол од оваа маглина, тој изнесува -270 степени Целзиусови.

Изгледот на машна на оваа маглина настанал поради силните ветрови кои достигнуваат и до неверојатни 500.000 км/ч, дувајќи ултрастудени гасови од ѕвездата во умирање. Астрономите велат дека ѕвездата губи по 1/1000 соларна маса годишно во период од 1.500 години. Бидејќи целиот процес се одвива околу 10-100 пати побрзо одошто кај другите слични објекти, тие сметаат дека огромните брзини со кои се шири оваа маглина е причината поради која таа е најстудениот регион во универзумот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар