Клучната причина зошто треба да спиете под дебело и тешко ќебе

Клучната причина зошто треба да спиете под дебело и тешко ќебе

Прекрасно е чувството кога секое утро се будите наспани и одморени. А уште подобро е кога имате енергија максимално да го живеете целиот ден, а не само да преживувате утрото после долгата ноќ без сон. Не е лоша ниту идејата да си легнувате во 11 часот. И сето ова можеби е точно, но често е невозможно и затоа утрото потоа се чувствувате уморно и имате очајна потреба од кафе.

Клучната причина зошто треба да спиете под тежок прекривач

За среќа, постои едно интересно решение. Неколку истражувања од американски научници покажале дека колку е потешко ќебето или јорганот со кој се покривате, толку полесно ќе заспиете. Причината е едноставна: лесните допири го возбудуваат вашиот нервен систем, додека тежината на прекривката ве смирува. Ова важи за повеќето луѓе.

Научното име за оваа ситуација е „стимулација на допир од длабок притисок“. Длабокиот притисок на некој начин е сличен со масажата. Ги релаксира вашите мускули и нерви, ве ослободува од стресот и ви дава чувство на удобност. Ова е слично како кога некој ќе ве земе во своите раце, силно ќе ве прегрне и ќе ве погали по грбот. Вака сте се чувствувале во вашето најрано детство кога вашите родители ве покривале со тешки и дебели ќебиња, кои нежно ги притискале вашите тела.

Нежниот притисок го стимулира мозокот да произведува серотонин, „хормон за среќа“, кој во темнината постепено се трансформира во мелатонин, хормонот кој е одговорен за регулација на спиењето. Тешките ќебиња се добри поради подеднакво распределениот притисок на секој дел од телото.

Ниското ниво на серотонин е исто така еден од факторите кои предизвикуваат депресија, анксиозност, агресивност и компулсивно однесување, па ова е уште една причина зошто треба добро да се наспиете под тежината на тешките и удобни ќебиња. Овие ќебиња исто така се препорачуваат и за хиперактивните деца, како и оние со аутизам.

Тежината на вашето ќебе зависи од вас и вашата тежина, но вообичаената препорачана тежина за возрасни е од 5 до 14 килограми. Иако можеби ви делува многу, овие бројки не се грешка. Дури постојат специјални јоргани, направени со посебни џебови со патент, каде што може да ставите дополнителна тежина. Сепак ако наместо пријатен притисок имате проблеми со дишењето, подобро отстранете дел од тежината или спијте под нормални и полесни ќебиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар