Клишеа што ги среќаваме на кориците на книгите
Автор: Ема Јакимовска
Кориците на една книга многу говорат за креативноста на артистот и неговата способност содржината и мотивот на делото да ги претстави во една слика. Иако многупати сме наишле на извонредни корици на книги, кои знаат бескрајно да нè воодушеват, сепак тука се и оние со елементи кои постојано се појавуваат, па дури и преминуваат во неподносливи клишеа. Еве кои се најголемите 20.
1. Страшна силуета на маж

трилер со интересна содржина
2. Жена која во рацете држи кафез за птици

морничава приказна во стилот на „Жената во црно“
3. Мрачен човек кој минува крај ограда

криминалистички роман со тешки психолошки премрежија на главниот лик
4. Додадете и магла за ефект

Како претходниот само со магла
5. Жена во долг бел фустан

женски роман, но од оние подлабоките и поиздржаните
6. Жена со фустан со гол грб

роман за високото општество од дваесеттите и триесеттите години на минатиот век
7. Човек кој држи меч

епска приказна, која обично се состои од повеќе делови
8. Човек во наметка

повторно некој епски роман, но овој пат со некој калуѓер-волшебник
9. Човек кој држи меч, облечен во наметка

повторно фантастичен роман, но со нинџа/самурај елемент
10. Жена која замислено гледа кон морска шир

романтичен роман за љубов, загуба, каење, што лесно се чита
11. Сенка на човек кој чекори во далечината

концизен, напнат, остар трилер
12. Жена со куфери

белетристика, приказна за досадна материјалистичка двојка и нивните брачни проблеми
13. Женски нозе

комедија, смешна приказна за чудна и искомплексирана жена на која очајно ѝ треба љубов
14. Црно-црвени нијанси и готски фонт

нешто во стилот на „Самрак“
15. Розово или виолетово и светкаво

лесна женска литература, која се продава во неверојатни тиражи
16. Високи штикли, матни нијанси

евтин дупликат на „Педесет нијанси на сиво“
17. Накит, матни нијанси

како и претходниот, само со повеќе романтични елементи
18. Тажен израз на детенце, ракописен наслов

тажна приказна базирана на вистински настан
19. Бесконечен мрачен пат

добар, авантуристички роман, за кој веќе се спремаат филмски верзии
20. Само неколку илустрирани лисја

четива на најразлични теми, совршени за подарок
Доколку ве заинтригиравме, погледнете ги блоговите The Book Smugglers и Caustic Cover Critic каде можете да погледнете уште многу интересни примери на клишеа кои постојано ги среќаваме на кориците на книгите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Што е тоа што ве тера да земете една книга во рака .И да не го знетет авторот,да немате поим кој е тој,што тој напишал,колку е популарен ,колку книги или други литературни дела објавил,какви награди добил за нив.Насловната страна е таа што треба да ве заинтригира и да ви ја разбуди љубопитноста,да ве привлече така што ќе ве натера да ја отворите книгата НЕ од последната страница за да го прочитате крајот или содржината и толку,туку да ја отворите и со нетрпение да почнете да ја читате.Таа нејзина привлечност ја сочинува се на таа страна.Почнувајки од нејзиниот колорит зошто сакале или не визуелната привлечност е прва , во тие бои е раскажана целата приказна.Секоја боја има своја страна весела, тажна,искажува монотонија или акција итн.Концепцијата,осмисленоста на целата слика ,композицијата на елементите на таа страна сето тоа треба да ја отсликува приказната во книгата.За жал последните години навистина има многу клишеи кои и без да сакате во главата веднаш ке ви ја кажат познатата реченица Веќе видено и со тоа како да ви ја убива желбата да ја отворите книгата.Овде исто така мислам дека не е толку важно и каков повез има книгата.Секако дека е убаво во рака да имате книга со убави квалитетни корици но содржината на насловната страна е таа што ја раскажува приказната.За жал сега се многу битни финансиските можности за квалитетот на хартијата од која е изработена книгата но насловната страна и таа што ни зборува за самата книга, што е многу поважно.Ако пак има можност сите елементи да се вклопат тогаш е тоа полн погодок.Во последно време се појавуваат многу автори особено наши домашни,кои имаат добар литературен потенцијал во себе но ете таа финансиска страна може да претставува тој нивни хендикеп за добро претставување.
Поради сето горе наведено ви советувам на оние што пишуваат размислете кога ќе ја конципирате насловната страна ,таа е она што прво ќе прозбори за вас и вашата книга,а на читателите им препорачувам да не брзаат многу кога ќе погледнат некоја книга зошто секоја книга содржи во себе тајни.Земете ја во рака иако насловната страна не ви кажува се сепак приказната што ќе ја прочитате може да биде нај убавата приказна што сте ја прочитале,а клишеа постоеле и ке постојат животот е таков но ние сме тие кои треба да се обидуваме да не запаѓаме во никакви клишеа,секое клише било какво и да е води кон монотонија со што на крајот ја губи својата смисла.
Ви благодарам на вниманието.