Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Некои народи секојдневно си практикуваат начини на одморање, а не само на патувањата. Животниот стил на Шпанците, Грците или Канаѓаните можете и сами барем делумно да си го применувате, и на тој начин да го надоместите тоа што не сте биле на патување подолг временски период или едноставно да се одморите после секој работен ден. Прочитајте на кои начини се опуштаат одредени народи.

Шпанија

Традицијата на практикување „siesta“ кај Шпанците, односно правење пауза после секојдневниот ручек, во траење од два до три часа, стана позната ширум светот. Сиестата е дури составен дел и од работниот ден на Шпанците, иако економската криза му се заканува на овој прекрасен начин на опуштање. Зборот „siesta“ потекнува од латинскиот израз „sexta hora“, односно „шести час“, како час наменет за одмор после ручекот.

Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Шведска

Паузата за кафе во Шведска која се нарекува „fika“ станала културна институција во оваа земја. Шведските работници редовно прават пауза во текот на работното време и седат со пријателите или колегите во нивното омилено кафуле, уживајќи во топлиот пијалак и нешто благо.

Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Грција

Во текот на топлите летни месеци, жителите на помалите градови и села во Грција, ја негуваат традицијата на „volta“ (прошетка). Кога сонцето ќе зајде, целото семејство излегува на релаксирачка прошетка.

Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Италија

Италијанците се „исклучуваат“ двапати дневно, еднаш попладне и уште еднаш навечер. Како што туристите најчесто и забележуваат, Италијанците имаат некој вид продолжена пауза за ручек „riposo“, па затоа продавниците се обично затворени во период од 13 до 16 часот. Од друга страна „passeggiata“ е периодот во вечерните часови, кога уживаат во бавна прошетка на свеж воздух, проследена со разговор.

Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Канада

Во текот на пролетните и летните месеци, Канаѓаните кои живеат во урбани средини, викендите ги поминуваат во колиби без интернет, лоцирани во комплетна дивина. „Културата со колибата“ е дел од идентитетот на Канаѓаните, која им овозможува да се опуштат после напорната работна недела, во прекрасната природа. Традицијата е особено популарна во Онтарио.

Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Франција

Французите го имаат усовршено стилот на доброто живеење, а во центарот на нивното опуштање се наоѓаат заедничките оброци со пријателите и членовите на семејството, кои се најчесто грижливо припремени. Дневниот ритуал се нарекува „l’aperitif“ и се случува пред вечерата, кога собраните луѓе уживаат во некој вид мезе и чаша вино или друг вид алкохол. Французите на овој начин го негуваат заедништвото и љубовта спрема убавото живеење.

Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Јапонија

Во јапонската култура длабоко е вкоренета тивката благодарност кон изворите на храна, која се искажува во текот на вечерниот оброк. Во тој момент, собраните на масата размислуваат, не само за тоа колку се благодарни за сè што имаат пред себе, туку и за тоа како секоја намирница дошла до нив. Јапонскиот збор „itadakimasu“, претставува поврзување со будистичкиот принцип на почитување на сите живи работи. Во едноставен превод би значело „благодарам за храната“, но истовремено личноста им се заблагодарува и на земјоделците која ја произвеле и на членовите од семејството кои ја набавиле, како и на самата природа која ја створила сета храна којашто ја јадат. Така што, доколку кажете „itadakimasu“ пред вечерата во Јапонија, значи дека го цените сето она што е поврзано со храната којашто ќе ја јадете.

Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

Кој е вашиот ритуал за секојдневно опуштање?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар