Ќерките на мајки кои работат имаат голема предност понатаму во кариерата
Многу мајки кои работат полно работно време често чувствуваат вина поради тоа што не секогаш можат во истиот момент да бидат тука кога им се потребни на децата. Но, од друга страна, мајката која има изградена кариера може позитивно да влијае нејзините деца да го следат примерот, особено ќерките.
Според авторката на студијата за семејството и кариерата, Кетлин Мекгин, ќерките на вработените мајки се посвесни за улогата која во иднина можат да ја имаат на пазарот на трудот. Мајките, со тоа што покрај на семејството, се посветени и на кариерата, градат модел на однесување кој ќерките лесно можат и да го наследат, но и да се обидат да го имитираат. Општо земено, она што децата го гледаат од своите родители, полесно го прифаќаат како вообичаена состојба кога решаваат за својата иднина.
Резултатите од студијата покажале и дека ќерките на вработените мајки во иднина ќе имаат поголеми шанси и самите да бидат вработени, но и да бидат на менаџерски и управни позиции, како и да заработуваат повеќе. Во студијата се земени предвид два аспекта: карактеристиките на полот и способноста за општествено учење. Со тоа е докажана и популарната теорија дека децата гледаат пример за тоа што сакаат да станат токму во своите родители.
И синовите имаат придобивки
Иако оваа студија пронашла поголема поврзаност во односот мајка-ќерка, неспорно е дека и синовите на вработените мајки го следат овој модел, но и сфаќаат дека грижата за домаќинството и семејството не е чисто женска улога. Тие учат како да балансираат меѓу професионалниот и приватниот живот и развиваат вештини кои ги применуваат и во двете области.
Оваа студија е само уште еден доказ дека она што го сметаме за општествена норма, всушност е во нашите глави и дека и двајцата родители треба да бидат пример за тоа што понатаму ќе одлучи нивното дете да прави.
Прочитајте и кои се 7-те работи кои би требало да ги направите со вашата мајка.