Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии - Part 2

Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии

Оваа објава добила многу позитивни коментари од луѓе кои ја искажале нивната поддршка:

„Ова е одлична идеја. Не ги учете децата да ги исмејуваат другите и себеси.“

„Мислам дека ова е логично. Да, луѓето треба да бидат поактивни и да живеат поздрав живот, но некои луѓе едноставно не можат да ослабат без разлика колку се трудат. Мислењето дека сите дебели луѓе се мрзливи и се прејадуваат е сосема погрешно. Мислам дека оваа жена ќе им помогне на нејзините деца. Не само што тие нема да пораснат во насилници во иднина, туку и ќе си ја зголемат самодовербата.“

Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии

Но, постојат и такви кои не се согласуваат со мислењето на Кими:

„Оваа мајка очигледно не се грижи за нејзиното здравје, ниту пак за здравјето на ќерка ѝ. Таа веројатно го повторувала она што некој ѝ го кажал. Тажно.“

„Какво негирање! Да, многу е забавно кога докторот ќе ви каже дека имате дијабетес и срцево заболување. Познавам луѓе кои имале и сум ги гледала како умираат. Но, среќна сум кога читам за луѓе кои се погрижиле за своето здравје и си го смениле животот. Кои се откажале од нивните лекови. Особено кога го направиле тоа за нивните деца, за да можат да бидат со нив и да им дадат добар пример. Сѐ што треба да се направи е да се стекнат навики за здрава исхрана и вежбање. Токму затоа, се нервирам кога ќе чујам вакви глупости. Прво беше дека ’дебелината е привлечна’, а сега не смеете ниту да наречете некого дебел!“

„Оваа количина на маснотии не заштитува ништо. Напротив, може да биде многу штетна за органите, артериите и целокупното здравје.“

„Ќерка ми знае дека сум дебела, но никогаш не го кажала тоа на негативен начин. Но, таа има спомнато дека треба да ослабам (кога ќе кажам дека сум изела премногу) и тоа е вистина. Таа ме гледа како се хранам поздраво и како се обидувам да бидам поздрава. Таа знае дека некои луѓе се поголеми од другите, но не го користи тоа за да ја процени нивната вредност. Можете да промовирате здрава перцепција за телото без да промовирате дебелина.“

„Таа му дава погрешни информации на детето. Маснотиите не ви помагаат. Маснотите не ги заштитуваат вашите мускули и коски. Маснотиите ги затнуваат артериите, ја забавуваат циркулацијата и на тој начин ги уништуваат мускулите и коскената маса додека истовремено создаваат дополнителен притисок на зглобовите.“

„Научете ги децата дека зборот ’дебел’ не е погрден. Тогаш нема да претставува никаков пробле. Јас сум дебела. За некои луѓе сум дебела, за други не сум. Имам големи гради, широки колкови и голем задник. Имам голема количина на маснотии и мускули, но некои делови содржат само маснотии. Така што, да, дебела сум. Но, тука нема ништо лошо. Зборот е навредлив, само ако вие го овозможите тоа. И слабите луѓе можат да бидат дебели. Ако немате мускули, но имате тежина, тоа значи дека сте дебели. Сѐ е во ред со вас доколку сте здрави.“

„Дали нејзината животна лекција го вклучува фактот дека прекумерната количина на маснотии кога не се работи за вистинска болест е нездрава? Дека вежбањето и здравата исхрана за да се задржи формата треба да бидат дел од начинот на живот? Не баш. Одлично површно воспитување!“

Ќерка ја нарекла мајка ѝ „дебела“ и одговорот на мајката предизвикал жестоки дискусии

Што мислите вие на оваа тема? Дали објаснувањето на Алисон е корисно или пак штетно за понатамошниот развој на нејзините деца?

Во продолжение прочитајте го и најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар