Ќе ве остават без здив: 3 места што им пркосат на законите на физиката и на здравиот разум
На планетата има многу необични места кои секојдневно докажуваат колку е природата неверојатна и совршена. Овие три необични феномени дефинитивно им се спротивставуваат на сите закони на физиката, но и на здравиот разум.
1. Златниот камен во Мјанмар
View this post on Instagram
Златниот камен е гранитна мини карпа со тежина од неколку тони, што успешно одржува рамнотежа на самиот раб на бездната, а кога дува ветер, таа се движи. Веќе 2.500 години, изгледа дека секој момент ќе падне, но иако не е прицврстена за ништо, таа се одржува на друга карпа. Бидејќи овој необичен огромен камен му пркоси на законот за гравитација, жителите го сметале за посебен и затоа го покриле со злато. Денес е една од најголемите атракции во Мјанмар.
2. Уникатниот пат во Ерменија
View this post on Instagram
Патот до планината Арагатс во Ерменија е познат како аномалија на гравитацијата. Локалната река тече нагорно под агол од 20 степени, а иако изгледа потполно рамно, сè што ќе пуштите по патеката ќе се врати назад. Се верува дека овој пат е едноставна оптичка илузија, исто како фатаморгана во пустина.
3. Водопад што тече наопаку
View this post on Instagram
Водопадот Ваипуџа на Хаваи е вистинско чудо затоа што водата не тече надолу, туку нагоре. Сепак, оваа мистерија е решена со текот на времето – ветровите на ова место дуваат толку силно и во таква насока што ја туркаат целата вода во воздухот, не дозволувајќи ѝ да тече природно.
Погледнете ги фотографиите од оазата „Сива“ во Египет – едно од најчудните места што треба да ги посетите.