Катедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!

Катедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!

Колумбиската катедрала на солта или Catedral de Sal, е неверојатно архитектонско ремек-дело и место кое не треба да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Колумбија.

Катедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!

Оваа необична катедрала се наоѓа на 200 метри под земја во темни пештери и тунели. Тунелите биле изградени кога на ова место рударите ископувале сол, а оттука и ова архитектонско чудо го добило своето име.

Првично, рударите изградиле мало светилиште каде што ќе можат да се молат за безбедност и просперитет бидејќи ископувањето сол било опасно, а сегашната катедрала била изградена во 1995 година бидејќи првобитната била прогласена за небезбедна.

На влезот во тунелот се наоѓа статуата на Вирген де Гуаса (Богородица од Гуаса) која се смета за заштитничка на рударите. Ќе ја препознаете по малиот рудар кој стои пред нејзините нозе.

Тунелот е темен и е проследен со специфичен мирис, а кратка прошетка води до „станиците на крстот“ кои се состојат од 14 мали капели. „Станиците на крстот“ ги означува чекорите на Исус Христос кон неговото распнување.

На крајот од Станиците на Крстот, доаѓате до три кораби кои го прикажуваат раѓањето, животот и смртта на Исус. Секој кораб има прекрасни рачно изработени скулптури кои упатуваат на куполата на базиликата каде се наоѓа огромен крст осветлен со виолетови светла.

Иако е римокатоличка црква, оваа катедрала нема епископ и не е призната од црквата. Сепак, овде се одржува миса секоја недела, а понекогаш се користи како црква за свадби.

Откако прочитавте за катедралата на солта во Колумбија, можеби ќе сакате да прочитате и дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар