Кариера од соништата: Проверете дали сте го згрешиле вашиот животен повик

Кариера од соништата: Проверете дали сте го згрешиле вашиот животен повик

Доколку сметате дека дошол момент во вашиот живот кога мора да одлучите што точно сакате да работите, а воопшто не сте сигурни, тогаш сте дошле на вистинското место. Овој едноставен тест, кој бил направен од страна на Стив Олшер, ќе ви помогне да откриете која е вашата идеална кариера. Сè што треба да направите е да земете лист и хартија и со помош на следниве 3 чекори да утврдите која е работата која ќе ве прави среќни и исполнети до пензија…

Кариера од соништата: Проверете дали сте го згрешиле вашиот животен повик

Прв чекор: Направете листа од сите оние нешта кои ги сакате. Фокусирајте се на активностите и интеракциите кои ви одговараат, а избегнувајте ги оние во кои сте добри само затоа што долго време ги работите, но не ви причинуваат никакво задоволство.

Втор чекор: Направете листа од сите оние нешта кои не сакате да ги правите. Клучот е да бидете искрени. На врвот од оваа листа ставете го она кое најмалку го сакате и потоа продолжете од таму.

Трет чекор: Погледнете ја листата со нештата кои навистина ги сакате и поставете си ги себеси следниве 6 прашања…

  1. Дали би ја работеле оваа работа доколку никој не ве плаќа за неа?
  2. Дали е тоа работа која би ве инспирирала секој ден?
  3. Дали извршувањето на оваа работа ви доаѓа природно и едноставно, исто како дишењето?
  4. Дали мислите дека имате дарба за оваа работа?
  5. Дали ви „лета“ времето додека го работите тоа?
  6. Дали можете нешто да заработите од оваа работа?

Ако вашите одговори на овие прашања се негативни, тогаш јасно е дека таа работа не е за вас. Од друга страна пак, ако пронајдете работа за која ќе добиете 6 потврдни одговори на овие прашања која не се совпаѓа со никоја од оние активности кои не би сакале да ги правите, напишани на другиот лист, тогаш можеби сте ја откриле совршената работа за вас.

Од друга страна пак, ако немате работа со 6 потврдни одговори, одберете ги оние со најмногу позитивни одговори и споредете ги едни со други, како и со листата од нешта кои не би сакале да ги работите. Големи се шансите дека на овој начин брзо ќе ја најдете работата која најмногу ви одговара на карактерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар