Карактеристики и навики на најдобрите пријатели

Карактеристики и навики на најдобрите пријатели

Без разлика дали се работи за прошетка во паркот, филмски викенд маратон или вечерно излегување, сите ние секојдневно сме опкружени со нашите пријатели. Но, дел од нив се издвојуваат според некои карактеристики и навики кои ги поседуваат.

Карактеристики и навики на најдобрите пријатели

Изгледа како секогаш да се подготвени за одредени работи по кои тие многу брзо стануваат препознатливи. Сигурно имате барем еден пријател кој:

  • секогаш ви „гледа“ на кафе
  • успева да изеде сè што ќе најде во вашиот дом
  • ви помага при учење
  • секогаш очекува пофалба за нешто што направил
  • постојано ви го средува бирото и ви ја чисти тастатурата
  • секојдневно ви бара љубовни совети
  • често заспива кога ќе дојде кај вас на кафе
  • секогаш има решение за вашите проблеми
  • ги знае најновите трачеви и постојано ги споделува со вас
  • се смета себеси за неодолив
  • постојано е среќен, насмеан и оптимистичен

Карактеристики и навики на најдобрите пријатели

  • многу често е мрзелив и уморен
  • секогаш е облечен според најновиот тренд
  • постојано ве заплашува и сака сè да биде по негово
  • „никогаш“ не е виновен за ништо
  • секогаш е негативен, вечен песимист
  • ви се јавува во 3 часот наутро за да ви каже дека го/ја видел/а тој/таа што ви се допаѓа
  • се смета себеси за психологот во друштвото
  • никогаш не престанува да зборува
  • кога ќе се видите се договарате за кафе, но тоа никогаш не се случува
  • секогаш позајмува нешто од вас
  • е вашиот партнер за гледање спортски натпревари

Карактеристики и навики на најдобрите пријатели

  • постојано ве следи во секој чекор
  • никогаш не го слуша телефонот кога го барате
  • секогаш е достапен за онлајн разговор, но никогаш за разговор во 4 очи
  • често се сомнева дека го одбегнувате
  • на некој начин постојано ве става во незгодни ситуации, не секогаш намерно
  • откако ќе си отиде од местото каде што сте биле, таму станува неверојатно тивко
  • секогаш е расположен за свирење, пеење или танцување
  • секојдневно приредува луди забави
  • го поправа вашиот компјутер кога нешто не е во ред
  • без вие ништо да кажете, секогаш знае како се чувствувате
  • секогаш е подготвен за излегување и пиење до раните утрински часови.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар