Капење во бесконечни базени на рајски локации
Во овие жешки денови, со температури од над 30 степени Целзиусови, доколку сè уште не сте заминати некаде на летен одмор, идејата да се нурнете во еден фантастичен бесконечен базен, лоциран во некое ексклузивно место, сигурно ви звучи волшебно.
Овие базени се нарекуваат бесконечни, бидејќи нивните рабови не се видливи, што создава визуелен ефект дека базенот се протега кон хоризонтот, т.е. продолжува до „бесконечност“. Рабовите им се обично неколку сантиметри под нивото на водата, притоа создавајќи го ефектот дека базенот нема крај и бескрајно се протега кон небото, градот, морето, планините, карпите, природата…
Дизајнерскиот концепт за создавање бесконечен базен, потекнува од Франција уште од 1600 година, кога е изграден базен во Версајскиот дворец. Сепак, денес нив можете да ги најдете најчесто во егзотичните места, на луксузни имоти или пак на реклами.
Доколку не можете да си дозволите ваков луксуз, дозволете им бар на вашите очи да се разладат и „исплакнете“ ги за момент. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ќе може позадина од базенот што е во Мексико
Ова е најголемата верзија од фотографијата http://pic.uuhy.com/uploads/2011/07/19/S3k56.jpg
E ova ti se vika ludilo xD