Канаѓанец произведува вино од домати
Четириесет годишниот Паскал Миш од Квебек, Канада успеал да произведе вино од домати, следејќи го рецептот на неговиот прадедо и сега годишно произведува по 34.000 шишиња од овој необичен еликсир. Тој околу својот имот има насадено неколку врсти домати, кои ги одгледува со големо внимание, исто како што винарите внимаваат на своето грозје.
„Сакав да го довршам она што го започнал мојот прадедо во триесеттите години на минатиот век.“ – изјавил Миш.
Миш своето вино, за кое се потребни околу 9 месеци да се произведе и флашира, го нарекол „Omerto“ по името на неговиот прадедо Омер. Виното има златна боја, 18% алкохол и воопшто нема вкус на домат. Малопродажната цена му изнесува 25 долари за едно шише. Засега може да се купи само во Канада, но Миш се надева дека наскоро ќе најде начин да го пласира своето вино на американскиот и европскиот пазар.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.