Канабисот би можел да им помогне на зависниците од кокаин и алкохол

Канабисот би можел да им помогне на зависниците од кокаин и алкохол

Канабидиол или CBD е состојка во марихуаната која нема седативно дејство. Оваа состојка се користи за лекување болести како рак и Кронова болест.

Канабисот би можел да им помогне на зависниците од кокаин и алкохол

Иако повеќето луѓе кои се против канабисот тврдат дека тој е само отскочна даска за поопасни дроги, едно ново истражување го покажало токму спротивното. Истражувањето е спроведено од страна на Фридберт Вајс во Центарот за истражување Скрипс во Калифорнија. Научниците експериментирале на стаорци кои имале однесување како на зависници.

„Кога на кожата на стаорците кои покажуваа зависност од кокаин и алкохол нанесовме гел од изолиран канабидиол, се откри намалено ниво на влошување на состојбата.“

Третманот со гел од канабидиол имал висока и трајна стапка на успех намалувајќи го влошувањето предизвикано од стрес. Ефектите биле видливи и 5 месеци подоцна. Главниот истражувач Филип Мекгваер изјавил:

„Резултатите ни даваат доказ за принцип кој го поддржува потенцијалот на CBD во спречување на влошувањето заедно со 2 нешта – придобивки во неколку ранливи фази и долготрајни резултати со краток третман. На зависниците им се влошува состојбата поради неколку причини. Поради ова, ефектите како оние на CBD кои истовремено подобруваат неколку од нив веројатно се поефективни од третманите кои влијаат само на една причина.“

Прочитајте и што всушност му прави марихуаната на мозокот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар